Татко ѝ ја фотографирал во бикини на 6 години и ја терал да стане славна: Зошто Алиша Силверстоун „избега“ од Холивуд?
- Детали
- недела, 19 октомври 2025
Кога имала 6 години, татко ѝ ја фотографирал во бикини и ги однел фотографиите во агенција за модели. И, така почнала нејзината кариера во забавната индустрија. На 15 години, таа се еманципира, а тогаш сними и филм во кој бакнува многу постар колега. Зошто Алиша Силверстоун извесен период „избега“ од Холивуд?

Во 1990-тите, Алиша Силверстоун беше меѓу најпознатите актерки во Холивуд.
Покрај улогата во култниот Clueless, Алиша се појави во неколку популарни филмови како Batman & Robin и Blast from the Past, а беше дел и од неколку познати музички спотови на бендот Aerosmith.
Иако изминативе неколку години повторно се активира, долг период Алиша се држеше настрана од јавниот живот. И, веројатно славата што ја стекна на многу рана возраст има некаков удел во тоа.
Детали од животот на актерката:
Татко ѝ ја натерал да стане модел
Алиша влегла во забавната индустрија како модел пред да стане актерка.
Самата има изјавено дека уште во основно, родителите не ѝ дале избор, освен да почне да работи како модел.
Мошне бизарно е тоа што кога имала само шест години, татко ѝ ѝ направил фотосесија во бикини, со цел да го привлече вниманието на агенциите за таленти.
„Отидовме во агенција за модели со овие фотографии и почнаа да ме ангажираат за фотосесии. И, така почна мојата кариера“.
Во 2022 година, Алиша сподели една од фотките што ги правел татко ѝ за агенциите, со што предизвика лавина реакции.
На фотографијата Алиша има 7-8 години, а е само со долна облека и блуза.
c/17932030646214483/Една од нејзините први улоги е доста вознемирувачка
Во 1993-та, на 15-годишната возраст, Алиша ја имаше главната улога во филмот The Crush.
Иако овој филм ѝ помогна да се пробие, беше навистина контроверзен.
Нејзиниот лик е 14-годишна девојка која е сексуализирана, а има и сцени за кои Алиша морала да се бакнува со 30-годишен актер.
Се еманципира за да може да глуми во филмот
Продуцентите на филмот The Crush ја охрабриле Алиша да се еманципира од своите родители, односно да стане независна пред да стане полнолетна.
За потребите на филмот, Алиша требала да помине многу време на сет, со што се прекршувале законите за детски труд.
Па, за да избегнат казна, продуцентите ја натерале да се еманципира на 15-годишна возраст.
И покрај загриженоста на родителите, Алиша се еманципирала.
„Родителите беа исплашени бидејќи мислеа дека ќе го злоупотребам тоа, дека ќе се однесувам бунтовно. Но, ништо не се промени“.
Сепак, нејзината мајка има изјавено дека односот им се променил.
„Никогаш нема да го заборавам денот кога отиде да го снима филмот. Се чувствував како да ја изгубив. Од тој ден, ништо веќе не беше исто“.