Исповед на Мајкл Џ. Фокс, кој 35 години живее со Паркинсонова болест: „Сакам само да не се разбудам“
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
„Немав време за умирање. Но, доста е. Нема многу луѓе кои живеат 35 години со Паркинсонова болест. Не сакам да биде ништо драматично. Не сакам да се сопнам и да удрам со главата во парче мебел“, рекол актерот во интервју.

Мајкл Џ. Фокс имал само 29 години кога докторите му дијагностицирале Паркинсонова болест.
Оттогаш до сега поминаа 35 години, а здравјето на актерот, кој е во седмата деценија од животот, само се влошува.

Долги години тој не дозволуваше да падне со духот, но се чини дека сега, на 64 години, Мајкл е изморен од животот.
„Веќе не одам многу. Можам, ама тоа не е убаво за гледање и многу е опасно“, признава искрено тој.

Неговото тело е толку кревко, што повредите му станаа секојдневие. Поради ова, тој реши и целосно да се повлече од актерството, иако низ годините понекогаш прифаќаше улоги кои му се допаѓаа.
„На почетокот глумата ми помагаше да ги контролирам движењата. Но, со текот на времето, почнав да кршам работи и да се повредувам самиот.

Во три години скршив лакт, рака и јаболчница. Ужасно е. Ги скршив сите тие мали коски, имав инфекција, па мораа да ми ги отстранат инфицираните коски.
Подоцна го скршив и другото рамо, па ми го заменија. Вистинска трагедија“, рекол тој во интервју за The Times.

Ѕвездата на ситкомот Family Ties и трилогијата Back to the Future, за сите овие години ја има поддршката од сопругата Трејси Полан и нивните четири деца.

Но, тој признава дека борбата го изморила и дека веќе размислува за крајот на животниот пат.
„Немав време за умирање. Но, доста е. Нема многу луѓе кои живеат 35 години со Паркинсонова болест.

Би сакал еден ден само да не се разбудам. Тоа би ми било стварно кул.
Не сакам да биде ништо драматично. Не сакам да се сопнам и да удрам со главата во парче мебел“, рекол актерот во интервјуто.

А. Ј. | Црнобело