Семејството се откажа од него, проблеми со полицијата - Каде е денес мажот од експлицитното видео на Ким Кардашијан?

Во 2007 година еден од најголемите скандали во светот на шоубизнисот беше експлицитното видео на Ким Кардашијан, снимено во 2003-та со нејзиниот тогашен дечко, актерот и музичар Реј Џеј.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-01.jpg

Пред објавувањето на видеото, малкумина ја препознаваа Ким како другарката и асистентка на Парис Хилтон, но ова ѝ донесе слава преку ноќ.

Моментот го искористи нејзината мајка Крис, која многу умешно „ја продаде својата ќерка“ и оттаму почна снимањето на реалното шоу Keeping up with the Kardashians, кое го направи целото семејство славно.

Тие станаа милијардери и едни од највлијателните луѓе во светот на шоубизнисот, модата, козметиката, со милиони следбеници на социјалните мрежи и сопствени бизниси.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-05.jpg

Но, што се случи со Реј Џеј, кој е на снимката со Ким?

44-годишиот Реј (роден е во јануари 1981) и денес е активен како диџеј, музичар, водител на емисија, а учествувал и во неколку реални шоуа.

Снимката со Ким се појави во 2007-ма, брзо пред тој да го промовира својот четврти албум, па публиката го бојкотираше, со коментари дека го искористил моментот за слава, по што кариерата, која и онака не беше кој знае каква, почна да му оди по надолна линија.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-04.jpg

Низ годините, во бројни интервјуа, тој тврди дека Крис Џенер,мајката на Ким е таа што „заработила на експлицитно видео“ и дека таа најверојатно го продала за голема сума пари за да биде објавено јавно.

Не сакајќи да премине преку тоа што му се случило, Реј дури снимил и песна за Ким и нејзиниот поранешен сопруг, Канје Вест, I Hit It First.

Во 2016 година се ожени, а четири години подоцна, во 2020-та, неговата сопруга поднесе барање за развод. Парот има ќерка и син.

Реј Џеј низ годините имал и проблеми со законот.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-06.jpg

Во 2014 година жена во Калифорнија го обвинила дека ја допирал непристојно додека биле во бар и случајно стоеле еден покрај друг.

Тој, наводно плукнал полицаец кој дошол да го истражи случајнот, се спротивставил на апсењето и пробал да уништи полициско возило, поради што бил обвинет за вандализам.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-02.jpg

Пред три години, Реј Џеј преку Инстаграм тврдеше дека видеото од 2003-та не е случајно објавено на интернет, туку дека Крис Џенер сама го однела во компанија која е дел од индустријата за возрасни.

„Ах, мајко Крис, постојано лажеш за мене за твоја корист. Ти си таа што ме запозна со Стив Хирш (мислејќи на претседателот на компанијата што ексклузивно ги објави снимките од спалната соба на Ким), ти си таа што сè испланира, сè за да го кренеш твоето семејство, а во тој процес го уништи моето“, рекол тогаш Реј.

semejstvoto-se-otkazha-od-nego-problemi-so-policijata-kade-e-denes-mazhot-od-eksplicitnoto-video-na-kim-kardashijan-03_copy.jpg

Неодамна, тој беше емотивен во интервју, кога водителката го праша дали е вистина дека поради сите проблеми и скандали, неговата мајка и сестра му Бренди, која е позната пејачка, прекинале секаков контакт со него.

Тој не одговара, но почнува да се крие, што, само ги потврди тврдењата на неколку медиуми за семејната расправија која трае откако во јавноста се појави секс снимката на Ким и Реј.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Пропаста на бившиот на Ким Кардашијан од експлицитната снимка: „Имам помалку од една година живот“ Реј Џеј, поранешниот дечко на Ким Кардашијан, имаше неколку судири со законот по...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...

Најчитани неделава