Пропаста на бившиот на Ким Кардашијан од експлицитната снимка: „Имам помалку од една година живот“
- Детали
- петок, 27 февруари 2026
Реј Џеј, поранешниот дечко на Ким Кардашијан, имаше неколку судири со законот поради насилство, а доби и тужба за клевета од ријалити ѕвездата. Истовремено, вели дека има срцева мана и му останува помалку од една година живот. Поради сето ова, музичарот наводно пробал да посегне и по својот живот.

Ким Кардашијан успеа да стане најпознатата личност на планетата по експлицитното видео и изгради империја што ја направи милијардерка.
Истото не може да се каже за Реј Џеј, нејзиниот поранешен дечко со кој го сними видеото.
Покрај судирите со законот, 45-годишниот музичар откри дека имал сериозни проблеми со здравјето и дека нема да ја доживее 2027 година.
Сега, пак, негова поранешна девојка тврди дека Реј Џеј имал сериозни проблеми со менталното здравје и имал суицидни мисли бидејќи Ким Кардашијан и Крис Џенер го тужеле за клевета.
Во јануари годинава, Реј Џеј откри дека има сериозни проблеми со срцето и дека има помалку од една година живот.
„2027-ма е дефинитивно крај за мене. Така велат докторите“, изјави музичарот во видео на Инстаграм Стори.
Како што кажа самиот, срцето му работело со многу намален капацитет, а лекарите му препишале осум различни лекови.
Му кажале и дека можеби ќе му треба пејсмејкер, но во видеото вели дека не знае ништо со сигурност до следниот преглед.
Лекарите му советувале и да намали со цигари и алкохол – препораки што му било тешко да ги следи.
Во видеото, Реј Џеј ги спомнува и неговите две деца на возраст од шест и седум години, што ги доби со сопругата Принцес Лав, со која е разделен.
„Мајката на моите дека ќе биде добра. Моите деца ќе бидат добри. Ако сакат да ги потрошат сите (мои) пари, можат да ги потрошат. Јас си го завршив моето.
И, кога ќе заврши сè, сакам да ме кремирате, не да ме закопате“, вели музичарот во видеото.
Истовремено, тој им се заблагодари на неговите родители кои го натерале да оди на лекар, како и неговата сестра која му ги плаќала медицинските трошоци.
Потоа музичарот сподели уште едно видео во кое откри дека бил хоспитализиран и речиси умрел.