Пропаста на бившиот на Ким Кардашијан од експлицитната снимка: „Имам помалку од една година живот“
„Моето срце работи само 25%, но ако останам фокусиран и останам на правиот пат, сè ќе биде во ред. Ви благодарам на сите за вашите молитви“, вели Реј Џеј во видеото.
Кон крајот на минатата година, Реј Џеј имаше и судир со законот – беше уапсен бидејќи ѝ вперил пиштол на сопругата и ѝ се заканувал.
Поминал неколку часа во притвор, пред да биде ослободен со кауција од 50.000 долари.
Последната драма во животот на Реј Џеј е поврзана со Ким Кардашијан.
Во септември минатата година, музичарот изјави дека Кардашијан биле вплеткани во некаква криминална мрежа и ги нарече „полоши од Диди“.
Следниот месец, Ким и мајка ѝ Крис Џенер поднесоа тужба за клевета и ги негираа тврдењата на музичарот.
Тој им врати со контратужба, а овој пат ја спомна и неговата секс снимка со Ким Кардашијан, тврдејќи дека мајка ѝ Крис го прекршила договорот што го направиле за неа.
Сите овие проблеми лошо се одразиле на менталното здравје на музичарот кој, според негова поранешна девојка, сега имал и суицидни мисли.
„Под многу притисок е, особено поради ситуацијата со Ким и Крис. И без разлика дали луѓето сакаат да се согласат со него или не, ова има влијание врз него што другите не можат да го разберат.
Краток период престојуваше кај мене и овде имаше сеф, па ги видов сите документи со сите докази и сето ова го тера да мисли на самоубиство“, сподели девојката на Инстаграм.
Девојката тврди дека Реј Џеј дури и посегнал по својот живот, но потоа во паника повикал полиција.
„Таа ноќ само пробував да го спречам да скокне од балконот и дозволив емоциите да ме надвладеат. И го удрив… Сега жалам за тоа“.
Набрзо потоа се огласи и Реј Џеј кој потврди дека девојка му го удрила.
„Сега сум добар. Немам самоубиствени мисли. Стабилен сум. Ноќта кога се случи инцидентот таа беше многу агресивна…
Дали имав суицидни мисли во тој момент? Не знам што чувствував. Таа ме удри толку силно што не знаев дали е март или април. И да, потоа повикав полиција“.
Ким Кардашијан одбива да коментира за нејзиниот поранешен дечко.
Погледнете и: Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога
Спирова С. | Црнобело