Пораснала на фарма за млеко, има две деца и освојува на пистата на Victoria’s Secret – Што знаеме за Кендис Сванапул?
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
Пораснала на фарма за млеко во Јужна Африка каде помагала со обврски, моден скаут ја открил додека шетала на панаѓур, ангелските крилја ги доби во 2010-та, има две деца со дечкото со кој се раздели, а оваа година го освои шоуто на Victoria's Secret по 7 години пауза и ги воодушеви сите. Која е Кендис Сванапул?

По овогодишното Victoria’s Secret шоу, многумина за Кендис Сванапул пишуваат дека лесно може да се помеша со вистински ангел.
37-годишниот модел издоминира на ревијата со својата бујна, руса коса, нежно и сјајно лице, згодно и тонирано тело со истакнати стомачни мускули, декорирано со секси долна облека и дијамантски украс.
Со денови сите ги споделуваат нејзините фотки и видеа од шоуто и пишуваат дека се вратила со стил, но многу од помладите генерации не знаат која е и се воодушевени од нејзиното појавување.
Која е Кендис Сванапул?
Родена е на 20 октомври 1988 година во Јужна Африка и пораснала на фарма за млеко
Како мала им помагала на родителите во секојдневните обврски на фармата
Во детството играла балет и не замислувала дека ќе стане модел

Во манекенски води влегла во 2003 кога била откриена од моден скаут на 15 години за време на панаѓур, па со родителите потпишала договор

Се преселила во Европа, почнала да соработува со големи модни куќи, но сакала да се откажа заради осаменоста и постојаното барања од индустријата да слабее

Ангелите на Victoria’s Secret ги доби во 2010, во 2013 го носеше „Fantasy“ градникот од 10 милиони долари

По пауза од 7 години, во октомври 2025-та повторно продефилира за Victoria’s Secret и го освои шоуто со својата убавина, сексапил и гламур кој зрачи од неа
