Бремена манекенка во 9-ти месец, Ешли Греам гордо ги покажа облините во секси облека – Најдобрите моменти од шоуто на Victoria’s Secret
Провокативна долна облека, тантела, циркони, свила и пердуви, дополнето со ангелските крилја кои ги носеа дел од манекенките - ревијата на Victoria’s Secret беше мевлем за очи.

Во Њујорк вчера се одржа традиционалното шоу на Victoria’s Secret, каде што познатиот бренд преку спектакуларна ревија, поделена во неколку дела, ги промовираше своите најнови модели.

Секси долна облека, спортски парчиња, тантела, циркони, свила и пердуви... И сето тоа дополнето со ангелските крилја кои ги носеа дел од манекенките на пистата и многу музички настапи - Миси Елиот, Керол Џи, Медисон Бир.

На сцената продефилираа поранешни ангели на Victoria’s Secret, меѓу кои и Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Ирина Шајк.

На ревијата повторно учествуваше и Ешли Греам, која гордо ги покажа своите облини. Таа не беше единствената плус-сајз манекенка, напротив, организаторите годинава ангажираа неколку модели со облини.

Изненадување беше појавувањето на манекенката Џасмин Тукс, која е во 9-тиот месец од бременоста и е првата бремена манекенка која прошетала на една од ревиите на брендот.

На пистата прошета и кошаркарката Ејнџел Рис, како и трансродовиот модел Алекс Консани.

