Самоубиството на девојка му го „оцрни“, живее сам на остров: Каде (и зошто) исчезна Џим Кери?
Џим Кери имал само 15 години кога морал да се отпише од училиште и да се вработи, за да може да ги издржува родителите.
Вели дека овој период од животот имал огромно влијание врз неговата кариера – повеќе се насочувал кон лесни филмови кои му носат голема заработка, наместо на сериозни улоги.
Пред десетина години тој како да проба да им се врати на посериозните улоги, но по ужасниот рејтинг и на двата филма што ги спомнавме претходно, можеби и изгубил надеж.
Џим Кери е и личност која нема среќа во љубовта. Беше во брак двапати – прво со актерката Мелиса Вомер, а потоа со колешката од Dumb and Dumber, Лорен Холи.
Потоа, од 2005 до 2010 година тој беше во врска со актерката и плејбој модел Џени Мекарти, со што почнаа да се истакнуваат неговите бизарни верувања.
Самата Џени тврдеше дека некој народен лек ѝ помогнал да си го излечи синот од аутизам. Потоа, Џим Кери ја поддржуваше во тврдењата дека вакцините предизвикуваат аутизам, а беше гласен и за други слични теории на заговор.
И колеги на Џим почнаа да тврдат дека актерот се однесува чудно.
Мартин Фримен, кој соработуваше со него на филмот Man on the Moon, го има опишано ако „егоист, себичен и нарцис“. Фримен сподели и дека актерот се однесува како да не е во добра психичка состојба, но и дека е мошне претенциозен.
Неговата поранешна сопруга, Мелиса Вомер, има изјавено дека актерот бил далеку од насмеаната личност што ја гледаме во јавност. Уште во 1990-тите, останувал буден до утро бидејќи плачел.
„Сфатив дека насмевката што ја носи е најголемата маска“, сподели Мелиса.
Што се однесува до љубовниот живот, актерот имаше врски со низа славни жени, како актерката Рене Зелвегер.
Повеќето негови бивши го имаат опишано како особено себична личност која се плаши да се посвети на само една жена.
Потоа, во 2012-та, Џим почна врска со Катриона Вајт. Само три години подоцна, мејкап артистката беше пронајдена мртва, од предозирање.
Неколку денови претходно, Џим ѝ раскинал, а во пораката што ја оставила Катриона, напишала дека е скршена што актерот ја оставил и затоа посегнала по својот живот.
Семејството на Катриона тврдеше дека актерот ја навлекол на лекови и дека ја користел својата слава за да ја контролира Катриона.
Нејзиното семејство дури и го тужеше, но во 2018 година, обвиненијата беа отфрлени.
Сепак, овој инцидент како да му ја уништи репутацијата и оттогаш воопшто не го следи среќа – ни приватно, ни професионално.
Во ретко интервју од минатата година, актерот изјави дека тоа што се повлекол од Холивуд го натерало да ја цени индустријата на нов начин.
Тој вели и дека не сакал сите постојано да го гледаат неговото лице, но многумина се согласуваат дека кариерата на Џим Кери можеби е и завршена.
Спирова С. | Црнобело