Самоубиството на девојка му го „оцрни“, живее сам на остров: Каде (и зошто) исчезна Џим Кери?
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
Освен детските филмови од франшизата Sonic the Hedgehog, Џим Кери нема снимено филм речиси 10 години. По самоубиството на неговата девојка, колеги и негови познаници почнаа да откриваат дека тој е себична личност, која мисли само за себе, а негова бивша откри дека останувал буден цела ноќ бидејќи постојано плачел.

Нема кој не слушнал за Џим Кери кој важи за еден од најпрепознатливите актери од Холивуд.
Но, освен франшизата Sonic the Hedgehog снимена според истоимената видеоигра, Џим Кери нема снимено друг филм речиси цела деценија.
Тој ќе се појави и во четвртото продолжение во 2027 година и иако улогата му носи солидна заработка, не е ни приближно добра како она што го правел во минатото.
Претходно, во 2016 година, актерот се појави во детективската драма Dark Crimes која беше толку лоша, што заработи само 27.000 долари од кино проекциите.
Истата година имаше мала улога во дистопискиот трилер The Bad Batch, кој беше и полош, па не се ни прикажуваше во кино.
63-годишниот актер, кој некогаш заработуваше и по 20 милиони од филм и беше сеприсутен на важните настани, сега едвај се појавува во јавност.
Па, што се случи со него?
Џим Кери толку многу се дистанцира од јавноста, што изминативе неколку години, единствените натписи за него беа за неуспешниот обид да го продаде својот дом во Лос Анџелес.
Актерот ја купи куќата во 1994 година, а ја огласи за продажба во 2023-та, по цена од 28 милиони.
По неуспешниот обид, тој ја намалуваше цената неколкупати, за на крај да ја продаде за нешто повеќе од 17 милиони долари.
Очајниот обид да ја продаде куќата за многумина е доказ дека актерот соочува со сериозни финансиски проблеми.
Актерот, кој некогаш „тежеше“ 300 милиони, и самиот призна дека ја прифатил улогата во Sonic the Hedgehog бидејќи останал без пари:
„Прифатив да се појавам и во третиот филм бидејќи си купив многу работи и, искрено, ми требаа пари“.
Актерот веќе не ни живее во Холивуд, туку на приватен остров на Хаваите, а самиот сподели дека е потполно сам.
„Можете да го опишете мојот живот како изолиран. Голем дел од времето минувам во самотија и сакам да бидам сам, па во ред е. За некои луѓе може да биде чудно, но мене ми годи“, откри во 2018 година.
Извор близок до актерот, пак, сподели дека иако е изолиран, тој работи на филмски проекти кои уште не се финализирани. Но, јавноста уште не слушнала ништо за овие проекти.
Во 2022-ра, Џим сподели и дека планира да се пензионира.
„Си го сакам тивкиот живот. Сакам да сликам, многу го сакам мојот духовен живот и – нешто што можеби нема да го слушнете од друга славна личност – имам доволно. Направив доволно. Јас сум доволно“.
Актерот, како што веќе знаете, сепак не се пензионира и се фокусира на последната филмска франшиза.
Некои сметаат дека тешкото минато на Џим има голем удел во неговата желба сега да се изолира од светот.