Кара Делевињ со нов имиџ и филери на лицето, 3 години по вознемирувачките фотки – зрачи елеганција на гала свеченост
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
Три години откако беа објавени вознемирувачките фотографии поради кои отиде на рехабилитација, Кара Делевињ целосно го промени имиџот. Во елегантно издание, а веројатно и мали корекции на лицето, 33-годишниот модел изгледа навистина добро.

Претходниот викенд, Кара Делевињ присуствуваше на гала свеченоста во Музејот на американската филмска академија во Лос Анџелес.
Вчера, пак, 33-годишниот модел сподели неколку фотки од настанот на кои го покажа новиот имиџ.
Кога ја почна кариерата во 2010-тите, кара беше олицетворение на „party girl“, односно девојка која сака да се забавува. Но, сега зрачи елеганција.
Со долг сребрен фустан и коса фатена во пунџа, Кара е речиси непрепознатлива.
Покрај стајлингот кој е нетипичен за неа, видни се промени и на нејзиното лице, па нејзините следбеници коментираат дека веројатно направила некаква корекција.
„Лицето ѝ изгледа многу поразлично“.
„Нешто ми е чудно, не ја препознав. Но, сепак изгледа одлично“.
„Зошто си ставила филери? Беше совршена“.
„Сега ми личи на Линдзи Лохан“.
Пред 2-3 години, Кара како да го допре дното поради нејзината зависност од дрога.
Кога онлајн се појавија вознемирувачки фотографии, Кара сподели дека станала многу посвесна за сериозноста на нејзиниот проблем, па реши да оди на рехабилитација.
Па, голем дел од коментарите се и честитки за тоа што се изборила со зависноста.
„Изгледаш како милион долари! Горда сум на тебе!“
„Прекрасна и силна. Ти ја сакам новата енергија“.
„Никогаш не изгледала подобро и поздраво“.
Повеќе фотки од Кара: