Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие во мене“

Кариерата на актерот почнала да тргнува во нагорна линија, но ситуацијата дома само се влошувала.

„Петронела и јас често се расправавме, но една ноќ, караницата достигна ново ниво. Се вратив дома, по снимање во Шкотска. Преморен по бројните денови на сетот и долгиот пат до дома, си го оставив куферот во ходникот.

Уште пред да го соблечам капутот, Петронела почна да ме понижува. Гледајќи ме со презир, саркастично рече ’Си дојде господниот. Добредојде господару‘.

Никогаш не сум бил физички насилен, но во тој момент бев толку гневен, што се плашев за мене и за неа“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-11.JPG

Тогаш ќерката на Ентони и Петронела имала само 14 месеци, но актерот сепак решил да го напушти домот.

„Освен што им испраќав финансиска поддршка, немав никаков контакт со ќерка ми и сопругата неколку години подоцна.

Тоа е најтажниот факт од мојот живот, и нештото за коешто најмногу жалам, но сум апсолутно сигурен дека ќе беше полошо за сите ако останев“.

Една година по разводот, во 1973 година, актерот се венча во втората сопруга – Џенифер Линдон.

Актерот почнал да пие многу повеќе, но и да ја изневерува сопругата. Во 1975 година, пак, му се случил и инцидент кој го натерал да сфати колку е сериозен неговиот проблем со пиење.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-03.JPG

Ентони вели дека испил многу алкохол и тргнал од Аризона кон Калифорнија со автомобил.

„Сфатив што се случило откако му се јавив на мојот агент и му реков ’Некој ми го украл автомобилот!‘ и тој ми рече ’Никој не го украде. Те најдовме на патот. Ќе беше во затвор ако не те најдевме‘.

Можев да убијам некого, можев да убијам цело семејство“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-10.JPG

Бидејќи уште бил под дејство на алкохол, актерот излегол на сонце и додека чекал да се отрезни, вели дека слушнал глас кој го прашал дали сака да живее или да умре.

Тој договорил дека сака да живее, а вели дека гласот си го претставува како „присуство на Бог“.

„На крај гласот ми рече 'Сега е готово. Можеш да почнеш да живееш‘. И, желбата за алкохол ме напушти.

Ова се случи во 11 часот, на 29-ти декември 1975 година“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-14.JPG

Оттогаш, актерот нема допрено алкохол, но вели дека не било лесно да се справи со последиците.

Најпрво, не можел да ја убеди ќерка му да му прости што ја напуштил, а му се распаднал и вториот брак.

Но, актерот навистина како да почнал да живее – докажа дека е еден од најквалитетните актери во Холивуд, а во 2003 година се венча со третата сопруга со којашто уште е во брак.

По некое време го подобри и односот со ќерка му.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-04.JPG

Успеал да го подобри и односот со родителите, па и да ги натера да го посетат во Холивуд.

Заедно отишле на забава, кога Ентони и родителите налетале на актерот Џон Вејн.

„Ми рече ’Ти си предобар актер‘. Потоа го погледна татко ми и го праша дали ми е татко.

Се поздрави со него и со мајка ми. Очите на татко ми се насолзија, па Џон Вејн го прегрна“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-2.JPG

Со доза иронија, актерот вели дека, на крај, сепак им докажал на родителите дека грешеле кога му велеле дека нема да успее во ништо во животот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg