Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие во мене“

Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од порокот, вели дека вискито му било омилениот оброк. Поради пиењето ги напуштил првата сопруга и ќерка си, се разведе и од втората сопруга, а вели дека „глас од Бог“ го натерал да престане да пие.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-01.jpg

Ентони Хопкинс, кој има статус на холивудска легенда, на почетокот од ноември ќе ги издаде своите мемоари со наслов We Did OK, Kid, а неколку американски медиуми споделија извадоци од книгата.

Во книгата, 87-годишниот актер се навраќа на најтешките и најпроблематичните период од неговиот живот, како битката со алкохолизмот, аферите, двата развода, но и неговите „демони“ и „црни“ мисли кои го прогонувале со години.

Актерот, кој двапати има освоено Оскар, се откажа од алкохолот пред 50 години, но дотогаш веќе претрпел многу премрежја поради неговата зависност.

Ентони се чувствувал толку лошо во врска со себе, што во книгата се споредува и со неговиот најпознат лик – Ханибал Лектор.

„Инстинктивно знаев како да го одглумам Ханибал. Јас го имам ѓаволот во мене. Сите го имаме ѓаволот во себе. Знам што ги плаши луѓето“, пишува актерот во мемоарите.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-06.JPG

Ентони признава дека алкохолот му ги уништил првите два брака, додека книгата ѝ ја посветува на третата сопруга која ја запознал кога почнувал да се справува со зависноста.

Како ученик со лоши оценки, наставниците го нарекувале „неспособен“, па и „глупав“. Истовремено, неговите врсници го навредувале и му велел дека имал „глава како на слон“.

„Главата ми беше голема и изгледаше несоодветно на моето мало тело. Мајка ми и татко ми мислеа дека имам проблеми со мозокот“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-09.JPG

Родителите дури го однеле и на лекар, кој им кажал дека со нивниот син нема никаков проблем, освен што бил многу слаб.

Сепак, актерот се чувствувал многу поразлично од своите врсници, се изолирал и ги избегнувал сите до тој степен, што не одел ни на своите роденденски забави.

„Мајка ми ги организираше, но јас седев надвор, додека гостите играа игри и јадеа торта. Најдов мир во пасивната рамнодушност.

Уживав во оваа новооткриена моќ. Да не покажувам болка. Да ја закопам, да ја пикнам под тепих и да продолжам понатаму. Ги излудуваше возрасните, а мене ми годеше“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-5.JPG

Кога имал 17 години, татко му бил отворен за разочарувањето што го чувствувал кон него – му рекол дека е безнадежен и дека никогаш во животот нема да успее.

Сепак, актерот вели дека се заколнал дека некако ќе се снајде во животот, но и дека никогаш нема да се зближи со некој.

Но, се соочил со проблем кој вели дека го наследил од татко му – алкохолизам.

„Пиењето беше семејна традиција. Имав чичко кој почина во ментална установа во Глазгов. Се уби со пиење“.

До 19-годишна возраст, актерот се вработил во театар, а истакнува дека тој период вискито му било „омилен оброк“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-05.JPG

Иако бил свесен дека пие многу алкохол, се тешел со неговите идоли кои изјавувале дека алкохолот ја поттикнува креативноста.

„Моите идоли беа херои на театарската сцена во 1960-тите, сите со огромен талент. Но, јас не бев личност која пиеше на забави (како нив). Преферирав да пијам сам“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-13.JPG

Во 1967 година, актерот се венчал со Петронела Баркер – ќерка на ТВ актери. Тој период актерот уште се немаше пробиено во индустријата, а вели дека алкохолот му го уништил бракот.

„Навечер купував шишиња виски. Мојата депресија беше бескрајна, а алкохолот ми беше утеха. Јас пиев, таа (Петронела) беше гневна.

Додека да сфатиме дека сме ужасен пар, Петронела веќе беше бремена“.

entoni-hopkins-so-voznemiruvachki-otkrija-za-alkoholizmot-ja-napushtiv-kjerka-mi-gjavolot-se-krie-vo-mene-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg