Дамиано Давид се сврши со девојката, по две години врска – Дав Камерон гордо прошета со голем дијамантски прстен (фото)
- Детали
- четврток, 30 октомври 2025
Кратко откако ја прославија втората годишнина, Дамиано Давид и Дав Камерон беа фотографирани во Њујорк, а актерката и пејачка гордо го покажа големиот свршенички прстен.

Иако самите немаат потврдено, Дамиано Давид и неговата девојка Дав Камерон беа фотографирани во Њујорк, а во преден план е огромен свршенички прстен на раката на Дав.
На папарацо фоките, 29-годишната Дав носи црни панталони, црн капут и бела маичка, додека 26-годишниот Дамиано е во црни панталони и маичка.
Дав го држи Дамиано под рака, па јасно се гледа големиот дијамантски прстен на нејзината лева дланка.
И двајцата изгледаат дека се во добро расположение.
Фотките ги сподели таблоидот TMZ, од каде што велат дека прстенот дефинитивно е свршенички.
Сепак, засега Дамиано и Дав одбивале да даваат изјави за медиумите, но изворите на TMZ потврдиле дека се свршени.
На почетокот од октомври, тие ја прославија втората годишнина од врската, а Дав Камерон сподели неколку фотки со емотивен опис.
„Двете најдобри години од мојот живот“, пишува на објавата, меѓу другото.
Дамиано не објави ништо, но остави коментар на објавата на Дав:
„Најубавиот дел од тоа што сум жив“.
Гласните дека Дамиано и Дав се во врска се појавија во 2023 година – Дав беше на негов концерт, а набрзо потоа беа фотографирани и како се бакнуваат.
Потврдија дека се пар во 2024 година, кога заедно се појавија на настан.
Претходно Камерон беше свршена со американскиот актер и пејач Рајан Мекартан, додека Дамиано имаше сериозна врска со италијанската инфлуенсерка Џорџија Солери.
Прочитајте и: Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е бисексуалка
Спирова С. | Црнобело