Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е бисексуалка

Дав Камерон е американска пејачка и актерка која успеа да изгради кариера уште како дете. На 18 години беше свршена со колега, а потоа раскина со него. По раскинувањето на втората сериозна врска јавно призна дека е бисексуалка – Што знаеме за убавицата што успеа да го освои срцето на Дамиано Давид?

damiano-dove-01.jpg

Пејачот на групата Maneskin, Дамиано Давид (24), кој го привлече вниманието на светската јавност по победата на „Евровизија 2021“, во изминатите неколку месеци имаше турбулентен период на љубовен план.

Во јули годинава цел свет виде како Дамиано се бакнува со друга девојка, додека беше во врска со неговата девојка Џорџија Солери, со која беа заедно шест години.

koja-e-ubavicata-shto-go-osvoi-damiano-david-ja-voodushevil-so-nastapot-vo-tanga-javno-prizna-deka-e-biseksualka-20_copy.jpg

Видеото вирално се прошири на социјалните мрежи, а во италијанските медиуми почнаа да се објавуваат написи за тоа дека Дамиано ја изневерил Џорџија, но и дека таа него прва го изневерила, а тој ѝ вратил.

Набрзо по објавувањето на видеото, Џорџија и Дамиано раскинаа, а таа јавно изјави дека причина за разделбата не е неверството.

„Не сметам дека ексклузивноста е вредност (напротив, вредност е инклузивноста), бидејќи врската меѓу мене и Дамиано беше, со заеднички договор, немоногамна“ – нагласи таа.

koja-e-ubavicata-shto-go-osvoi-damiano-david-ja-voodushevil-so-nastapot-vo-tanga-javno-prizna-deka-e-biseksualka-21.jpg

Понатаму, таа изјави дека од Дамиано побарала да ја прекинат врската затоа што ѝ пречеле големиот број објави во медиумите во кои се шпекулира за нив и дека воопшто никој не знае што навистина се случувало во нивните приватни животи.

Сега, неколку месеци подоцна, во светските медиуми се објавени фотографии на кои се гледа како Дамиано се бакнува со американската пејачка и актерка Дав Камерон.

Гласините за нивната врска почнаа да се шират во октомври годинава, кога наводно парот бил виден како се бакнува на забава.

koja-e-ubavicata-shto-go-osvoi-damiano-david-ja-voodushevil-so-nastapot-vo-tanga-javno-prizna-deka-e-biseksualka-09.jpg

Набрзо потоа, Дав беше фотографирана како го придружува Дамиано на неговиот концерт во Бразил, а за време на австралиската турнеја парот беше „уловен“ како страсно се бакнува на плажа во близина на Сиднеј.

koja-e-ubavicata-shto-go-osvoi-damiano-david-ja-voodushevil-so-nastapot-vo-tanga-javno-prizna-deka-e-biseksualka-06.jpg

Наводно Дав и Дамиано се запознале на доделувањето на MTV Music Awards 2022, кога пејачот настапи во танга на сцената и многумина останаа вџашени од изборот на неговиот аутфит.

По ова тие двајца почнале постојано да се допишуваат на социјалните мрежи.

koja-e-ubavicata-shto-go-osvoi-damiano-david-ja-voodushevil-so-nastapot-vo-tanga-javno-prizna-deka-e-biseksualka-02.jpg

На следната страница прочитајте неколку интересни факти за новата девојка на убавиот Италијанец...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg