Која е убавицата што го освои Дамиано Давид: Ја воодушевил со настапот во танга, јавно призна дека е бисексуалка
Дав Камерон ја започнала кариерата како дете и била дел од шоуто Liv and Maddie на каналот Disney.
Нејзиното вистинско име Клои Селест Хостерман, но нејзиниот татко постојано ја викал Дав (гулабица). По неговата смрт, таа одлучила легално да го промени името во негова чест. Никој не знае од каде доаѓа презимето Камерон.
Нејзината мајка била писателка и поетеса, а татко ѝ бил пијанист и готвач. Заедно имале компанија за изработка на накит и често оделе на патувања со децата за инспирација.
Дав има француско потекло, па како дете често ја посетувала Франција, а научила течно да го зборува и јазикот.
Дав има повеќе тетоважи на телото, а првата ја добила на само 14 години. Наводно, нејзината другарка дознала за некој што нелегално прави тетоважи и закажала термин, но потоа се исплашила. Дав, за да ја охрабри, прва направила тетоважа.
Дав долго време беше во врска со нејзиниот колега Рајан Мекартан со кого заедно глумеа во серијата Liv and Maddie. Тие двајца дури и беа свршени и требаше да стапат во брак, иако во тоа време Дав имаше само 18 години.
Во тој период, Дaв даде изјава и рече дека е сигурна дека Рајан е личноста со која сака да остари, но по само неколку месеци тие објавија дека раскинале:
„Дав одлучи дека оваа врска не е таква каква што сакала. Уште се сакаме многу и ве молиме да бидете чувствителни, затоа што ова е многу болно“ – напиша Рајан.
Неколку месеци подоцна, Дав ја започна врската со Томас Доерти, со кого заедно играа во Descendants 2, а по две години врска актерката јавно изјави дека тој е „вистинскиот“ за неа.
Но, по само неколку месеци, Дав објави дека тие двајца се разделиле, по 3 и пол години заедно.
Набрзо по раскинувањето, Дав даде изјава и рече дека конечно собрала храброст јавно да проговори за својата сексуална определба и рече дека е „queer“, израз којшто се користи за лицата што се хомосексуалци и бисексуалци.
Во изминатите неколку години, Дав беше поврзувана со повеќе мажи, но врската со Дамиано е првпат официјално да биде потврдено дека таа е со позната личност.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





