Лиам Пејн почина, Ник Картер ќе оди на суд: Проклетството што ги следи некогашните „бој бендови“
Зејн Малик
Приказната на Зејн можеби не е трагична колку онаа на Лиам Пејн, но и него го следи несреќа.
Тој успеа да изгради соло кариера, а беше во врска со Џиџи Хадид, со која доби ќерка.
Но, околу една година подоцна се разделија, а Зејн беше обвинет за напад на мајката на Џиџи.
Пејачот негираше, но на крај сепак доби условна казна и беше задолжен да поседува терапија за справување со гневот.
Ник Картер
Уште еден член на Backstreet Boys кој имаше проблеми со алкохолизам и зависност од дрога, но и низа судири со законот.
Многупати беше апсен, а вели дека никогаш не си ја научил лекцијата.
„За жал, не научив ништо од апсењата. Само ги потиснував моите проблеми и продолжував со истото неприфатлив однесување“.
Вели дека првпат се напил алкохол на само 2-годишна возраст и прво му бил смешно кога се присетувал на тоа.
Но, откако се соочил со алкохолизам сфатил дека и не е толку смешно што родителите му дозволиле да се напие на таа возраст.
Истовремено, Ник Картер е обвинет од неколку жени за силување и сексуален напад
Последната, четврта тужба против пејачот беше поднесена годинава, но тој ги негира обвиненијата.
Тој дури поднесе и контратужба кон една од жените што го обвинува.
Судењето за сексуалните напади допрва треба да се одржи.
Роби Вилијамс
Роби Вилијамс се проби со Take That, а успеа да изгради и мошне успешна соло кариера.
Иако денес му оди добро, како повеќето на листата, и Роби имаше проблем со зависност од дрога и алкохол.
Пејачот користел и хероин, но вели дека имал среќа што не стекнал зависност бидејќи почесто консумирал дрога што го стимулира.
„Земав сè што ќе најдев – екстази, кокаин, алкохол. Буквално пиев по шише вотка ноќта пред да имаме проба и тоа се случуваше постојано“.
Тој двапати беше на рехабилитација – во 1995 и 2007 година – а вели дека битката со зависноста е процес што трае.
Роби отворено зборуваше и за сериозните проблеми со менталното здравје, вклучувајќи ги дијагнозите за депресија и анксиозност.
Спирова С. | Црнобело