„Скриј си го стомакот“ – Ванеса Хаџенс непрепознатлива во втората бременост, една година по првото породување (фото)
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
„Знаеме дека си бремена, покриј го стомакот!“ - Деновиве ѕвездата од High School Musical беше забележана во необичен труднички аутфит, со раскопчан џемпер кој ѝ го открива стомакот пред породување. Во јули 2024 го роди првото дете, а сега го очекува второто.

На 28 октомври Ванеса Хаџенс беше забележана во Лос Анџелес додека оди на семеен појадок.
Таа е веќе во поодмината бременост и покажа дека во слободно време сака да ѝ биде комотно, без да се грижи за изгледот.
Актерката беше облечена во широки панталони со сандали на висока платформа и раскопчан џемпер, кој ѝ го откри голиот труднички стомак.

Додека едни пишуваат дека е прекрасна иако е само на неколку дена од породување, други велат дека е непрепознатлива, но и не се воодушевени од стајлингот.
„Боже, скриј го стомакот, знаеме дека си бремена“, „Покриј го стомакот!“, „Облечи облека“ – се дел од коментарите.

Инаку, Ванеса е бремена со своето второ дете, а бременоста ја соопшти во јули 2025, кога го покажа трудничкото стомаче на фотосесија со сопругот и напиша: „Втора тура“.
Една година претходно, во јули 2024, таа и сопругот го добија своето прво бебе, па очигледно периодов им е посветен за семејството.
Повеќе фотки:




М. М. | Црнобело