Кети Пери тажна на јахта со бившиот Орландо Блум - првпат заедно по разделбата (фото)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
Парот и официјално потврди дека се разделени, но сега отидоа на заеднички одмор на јахтата на Џеф Безос поради нивната ќерка Дејзи. Кети Пери, по солзите на концерт, се труди да се справи најдобро што може со целата ситуација.

Орландо Блум и Кети Пери се разделија, а Пери потешко се справува со целата ситуација.
Кратко откако јавноста дозна дека ја раскинале свршувачката, Орландо Блум присуствуваше на свадбата на Џеф Безос, додека Кети Пери плачеше на концерт.
Прочитајте и Орландо Блум веќе ја заборави Кети Пери: Флертува со други жени, додека таа плаче на концерт (фото+видео)
Но, сега осамнаа заеднички фотографии од некогашниот пар.

Тие во името на доброто на својата ќерка се споија на јахтата на Безос во Италија.
Поранешните партнери изгледа ќе се потрудат одлично да се сложуваат во име на доброто на нивната ќерка Дејзи.
Пејачката изгледа пофит од кога било во црни минималистички бикини.
Ова е првпат Пери и Блум да се видени заедно по нивната разделба.

Двајцата родители назименично се грижеа за Дејзи на јахтата, според фотките од папарацо фотографите.
Потоа, ја шетаа за рака и на Амалфи.
Овие фотографии се само неколку дена откако парот објави дека ставил крај на својата романса.
Пери и Блум ја потврдија разделбата со заедничко соопштение преку нивните претставници, нагласувајќи дека ќе продолжат да бидат посветени родители на Дејзи „со љубов“.

Парот започна да се гледа во 2016 година, накратко се разделија во март 2017, но повторно беа заедно од февруари 2018. Се свршија во февруари 2019 и во март 2020 објавија дека очекуваат дете.
Ќерката Дејзи се роди на 26 август 2020 година. Беа 6 години свршени и никогаш не закажаа датум за свадба.
Кети Пери и Орландо Блум во Италија:
С. С. | Црнобело