Хајди Клум се маскира во страшна Медуза за Halloween + маските на другите славни личности (фото)
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
Хајди Клум, кралицата на Halloween, ја покажа долгоочекувана маска – годинава се маскира во Медуза, додека сопругот Том позираше покрај неа како скаменет воин.

Ноќта за вештерките стана повод за маскирање, најчесто во ликови од омилените страшни филмови, серии, видеоигри…
И додека секоја година има сè покреативни маски, голем дел од јавноста само чека да види во што ќе се маскира Хајди Клум.
Прогласена за „кралица на Ноќта на вештерките“, Хајди традиционално организира забава на 31-ви октомври, каде ги засенува сите со својата маска.

Така беше и годинава – Хајди се преправи во Медуза, познатото чудовиште од грчката митологија кое има змии наместо коса и го скаменува секој кој ќе го погледне во очи.


Сопругот Том Каулиц, пак, изминативе неколку години е дел од нејзината маска, па сега беше скаменет воин.

Пред забавата, Хајди откриваше ситни детали од нејзината маска и ги предупреди фановите дека е „многу грда“.
Моделот откри дека соработувала со мејкап артистот Мајк Марино кој е номиниран за Оскар, а на целиот костим работеле дури 35 луѓе.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Хајди сподели и неколку моменти од облекувањето на костимот, како лепењето на дел од маската на лицето.
Меѓу гостите на нејзината забава има и неколку славни личности кои навистина се потрудиле за костимите.



Своите маски ги покажаа и славни личности кои не присуствуваа на забавата туку го поминаа денот со нивните семејства.