Џенифер Анистон (56) ја потврди врската со гуруто, со заедничка фотка за неговиот 50-ти роденден

Со фотографија на која се прегрнати, Џенифер Анистон официјално ја потврди врската со 50-годишниот гуру и хипнотерапевт. Првите гласини дека се пар се појавија ова лето, а оттогаш неколкупати беа забележани заедно.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden01.jpg

Летово Џенифер Анистон беше фотографирана на Мајорка со згоден гуру, па почна да се шпекулира дека се пар.

Беа забележани уште неколкупати заедно, а сега, 56-годишната актерка и официјално потврди дека се во врска.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-06.JPG

Таа сподели фотка со новиот дечко, Џим Куртис, по повод неговиот роденден.

„Среќен роденден моја љубов“, стои во описот.

На црно-белата фотка, Џенифер го прегрнува саканиот од зад грб, а и двајцата се насмеани.

Во коментари, блиските на актерката, како и нејзините фанови, истакнуваат дека се пресреќни што нашла љубов.

„Оваа верзија од тебе ми е омилена! Здрава, среќна успешна и вљубена. Навистина го заслужуваш сето ова“.

„Не можам ни да ти опишам колку сум среќна што те гледам среќна“.

„Блескаш! Знаеш дека засекогаш навиваме за тебе“.

„Среќата ти стои добро“.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-3.JPG

Џенифер и Џим веројатно се фотографирани на неговата роденденска забава, од која гуруто сподели неколку фотографии.

„50 и се чувствуам добро! Ви благодарам на сите за честитките и љубовта. Благодарен сум за моите пријатели, семејството и заедницата“, стои во описот.

Додека повеќето му честитаат, некои коментираат зошто на фотографите ја нема Џенифер.

Но, бидејќи досега пробуваа да ја скријат врската, веројатно затоа решил да не ја објавува актерката.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-02.JPG

Уште за време на летото, кога јавноста дозна за нивната врска, извори блиски до актерката велеа дека се пресреќни заедно.

„Сè прават заедно. Постојано се заедно и ако треба да бидат разделени, постојано разговараат на телефон.

Веднаш ’кликнаа‘ бидејќи имаат исти интереси како јога, терапија и кучиња“.

Инаку, Џим Куртис работи како лајф коуч и љубовен гуру, а самиот се опишува и како хипнотерапевт.

Не е познато колку долго се знаат со Џенифер, но наводно таа го следи на Инстаграм речиси две години.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-7.JPG

Неодамна, актерката откри и дека две децении се справувала со неплодност и затоа немала деца, а истакна дека ја повредувале зајадливите коментари од јавноста.

Таа пробувала асистирано оплодување, но безуспешно и сподели дека жали што не замрзнала јајцеклетки порано.

Прочитајте повеќе: „20 години пробував да добијам дете, а ме нарекуваа себична“: Џенифер Анистон за битката со неплодност

Инаку, актерката беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година, а и од 2011-та до 2017-та беше во брак со актерот Џастин Теру.

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-04.JPG

dzhenifer-aniston-ja-potvrdi-vrskata-so-guruto-so-zaednichka-fotka-za-negoviot-50-ti-rodenden-5.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Du... Уште пред да го финализира разводот од првата сопруга, Џим Кери потврди дека е в...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим Кијану Ривс и Џенифер Сим почнале врска во 1998-ма. Околу една година подоцна, т...

Најчитани неделава