Бизарно! Бившиот сопруг на Жизел Бундшен го клонирал кучето што му почина: „Ѝ земаа крв пред крајот, процедурата не е болна“
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
„Пред неколку години ја искористив неинвазивната технологија за клонирање преку едноставно земање крв од старото семејно куче пред да почине,“ рекол поранешниот сопруг на Жизел Бундшен и го шокираше светот.

Поранешниот рагбист Том Брејди, кој е екс-сопруг на Жизел Будшен, откри дека неговото куче Џуни, е всушност клон на претходниот миленик, Луа, кој почина во 2023-та година.

„Ги обожавам моите животни. Тие ни се многу важни на мене и моето семејство.
Пред неколку години работев со Colossal (компанија за клонирање) и ја искористив нивната неинвазивна технологија за клонирање преку едноставно земање крв од старото семејно куче пред да почине,“ рекол Брејди.
Луа е куче кое Брејди и Буншен го вдомиле додека биле во брак, а по разводот, кучето останало кај рагбистот.

Инаку, кучето на Брејди не е прво клонирано милениче по барање на некоја ѕвезда, а направено од оваа компанија.

Според People и кучиња на Барбра Страјсенд и Парис Хилтон се клонирани, а процедурата чини вкупно 50.000 долари.

За потсетување, првото клонирано животно во светот е овцата Доли, а процедурата беше изведена во 1990 година.

А. Ј. | Црнобело