„Не ѝ ја одземам креативноста“ – Ким Кардашијан по критиките за стајлингот на ќерка ѝ, несоодветниот пирс и бизарниот изглед

„Пирсот на прстите може да ѝ донесе инфекција, не треба да ѝ бидеш другарка, туку разумна возрасна личност“ – фановите коментираат за бизарниот изглед на ќерката на Ким и Канје, Норт (12), која има сина коса, лажни тетоважи, леќи на очите, а сега и небезбедни пирсеви.

ne-i-ja-odzemam-kreativnosta-kim-kardashijan-po-kritikite-za-stajlingot-na-kjerka-i-nesoodvetniot-pirs-i-bizarniot-izgled-01.jpg

Ким Кардашијан периодов е мета на критики заради изгледот на нејзината прва ќерка Норт Вест.

12-годишното девојче целосно го промени имиџот, а неодамна се снимаше со сина коса, со тетоважи со к’на на раката, леќи на очите и бизарен моден стил.

Тогаш фановите коментираа дека детето воопшто не делува слатко за својата возраст и дека пребрзо расте со тоа што ѝ се дозволени многу работи.

Сега, таа повторно ги „разбесни“ фановите откако објави фотографии на кои се гледа дека на рацете на Норт има многу накит, меѓу кои и два дермални пирса на прстите.

Многумина, меѓу кои и експерти, велат дека процедурата е ризична, посебно за место како рацете, кои се склони на бактерии, удари и движења, кои може лесно да предизвикаат инфекции.

?

Фановите сметаат дека Норт е многу мала за сериозно да го сфати тоа и соодветно да се грижи за себе.

„Ова се случува кога сакаш да бидеш најдобра другарка на детето, а не разумен возрасен“.

„Не можам да замислам да дозволам моето 12-годишно дете да стави ваков пирс, посебно заради компликациите кои може да се случат“.

„Потенцијалот за сериозна повреда со ваков пирс е многу висок. Инфекции, одбивање, оштета на нерв. 12-годишно девојче не е доволно зрело за да се грижи за ова доволно одговорно“.

„Дермален пирсинг на 12 години на раката е лудо. Јас сум за пуштање на децата да се изразат себеси, но не вака, не на 12 години“.

North-West-Kim-Kardashian-090225-032d582c747240e8bf701481c35a61a0_copy.jpg

Инаку, неодамна Ким зборуваше за критиките кои ги доби и за стајлингот на Норт кога прошета со корсет низ Рим, како и за другите модни експерименти, велејќи дека уште учи за родителството.

„Многу е тешко и интересно, бидејќи сите деца ги носат истите работи.

Но, кога мојата ќерка пробува да ги носи, јас веднаш реагирам во насока – ОК, никогаш веќе нема да го носиш ова.

З
а жал, ние ја направивме таа грешка пред цел свет.

Но, знам дека моето бебе е многу добро и слатко девојче. Таа ме слуша, но за некои работи ѝ велам – Ако сакаш сина коса, тоа е што е.

Неа тоа ја прави среќна, нема да ѝ ја одземам креативноста“.

ne-i-ja-odzemam-kreativnosta-kim-kardashijan-po-kritikite-za-stajlingot-na-kjerka-i-nesoodvetniot-pirs-i-bizarniot-izgled-03.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Ким Кардашијан откри дека блиска личност најмила платен убиец за неа – фановите убедени дека е Канје „Добив повик од истражители. Некоја моја блиска личност го нарачала моето убиств...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...
Два обида за самоубиство, проблеми со дрога: Каде е денес таинствената поранешна сопруга на Еминем? Еминем и Ким Скот се венчаа и разведоа двапати. А, додека беа заедно, заеднички ...

Најчитани неделава