Два обида за самоубиство, проблеми со дрога: Каде е денес таинствената поранешна сопруга на Еминем?
- Детали
- петок, 28 ноември 2025
Еминем и Ким Скот се венчаа и разведоа двапати. А, додека беа заедно, заеднички им беа проблемите со дрога. По турбулентниот живот и двата обида за самоубиство, изглед денес Ким е во подобра состојба.

Ким Скот е некогашната сопруга на Еминем, со која раперот доби ќерка, а ѝ посвети и неколку песни.
Во минатото, Ким беше искрена за зависноста од дрога – истиот проблем со кој се соочуваше и Еминем.
Но, сега се држи настрана од јавност и изгледа дека ѝ оди подобро.

Неодамна 50-годишната Ким беше фотографирана пред нејзиниот дом во Мичиген.
Со тренерки, капче и цигара во устата, Ким носеше куп ќеси и веројатно се подготвувала за американскиот Ден на благодарноста кој се славеше вчера (27.11).


Ким и Еминем се венчаа двапати – во 1999, а потоа во 2006 година. И двата обиди траеја кратко, но заедно ја добија ќерката Хејли Џејд.
Во периодот по првиот развод, Ким доби уште едно дете – ќерката Стиви – која Еминем ја посвои откако повторно се венчаа.

Еминем ги отвори вратите од неговиот дом и за внука на Ким, чија мајка имаше проблеми со зависност од дрога.
„Имам целосно старателство над внуката. Таа е дел од мојот живот откако се роди.
Со Ким се чувствуваме како да е наше дете, живее со нас“, сподели раперот во 2004-та.

И покрај нивниот бурен брак, Ким и Еминем останаа блиски, па заедно присуствуваа на свадбата на ќерка им Хејли која се омажи минатата година.
Во периодот додека беа заедно, животот на Ким беше ништо помалку од турбулентен.
Таа беше инспирација за неколку песни на Еминем, од кои дел воопшто не се љубовни – напротив, во некои раперот ја споделува и омразата што ја чувствувал кон неа.
Додека беа заедно, и Ким и Еминем имаа сериозни проблеми со дрога, но и со законот.

На пример, во 2000 година, тие се степаа пред ноќен клуб, по што беа уапсени.
Но, проблемите на Ким продолжија и по вториот развод.
Последен пат беше уапсена во 2015 година, кога направи сообраќајка под дејство на алкохол. Тогаш Ким призна дека намерно ја предизвикала сообраќајката, како обид за самоубиство.
„Беше намерно. Не очекував да преживеам. Бев на крајот на патот каде што знаев дека нема да биде повреден никој освен мене.
Да, испив алкохол и апчиња, седнав зад волан и возев брзо кон столбот“.

За несреќата, Ким доби условна казна од една година, како и наредба да оди на терапија за проблемите со менталното здравје.
Во 2022 година, Ким откри дека повторно пробала да посегне по својот живот по смртта на нејзината мајка.
Била пронајдена од нејзините деца, на подот во бањата со апчиња околу неа.
Децата повикале брза помош и Ким наводно била насилна кон болничарите. Забележале дека има неколку исеченици на нозете, имала отежнат говор, а потоа почнала да губи свест.
Покрај неа нашле и порака во која барала да не пробуваат да ја вратат во живот.

По инцидентот, Ким помина 45 денови на рехабилитација.
Конечно, во 2023-та, Ким даде кратко интервју за The Sun во кое сподели дека го оставила тешкиот живот зад себе.
„Сега ми е многу подобро. Минував низ многу тежок период. Ги изгубив мајка ми, татко ми и сестра ми во период од десет години.
Но, сега сум добра. Чиста сум од октомври (2023-та), поминав 45 дена на рехабилитација“.
Како што спомнавме, моментално Ким живее во Мичиген, и тоа на 10-тина километри од Еминем.

Не е познато колку контактираат со раперот, но изворите велат дека односот им се значително подобрен сега кога и двајцата си ги средија животите.
Спирова С. | Црнобело
