Го обвинуваа за нејзиното убиство, па се предозира: Трагичната љубовна приказна на Сид и Ненси
Во 1978 година, Sex Pistols биле на турнеја во САД, но нивниот менаџер му забранил на Сид да ја понесе Ненси.
Во знак на револт, тој почнал да се однесува гневно, а на еден концерт удрил обожавател со неговата гитара.
Бендот не ја преживеа турнејата, а откако се растурија, Сид заврши во болница поради предозирање со метадон.
Кога го пуштиле, со Ненси почнале да снимаат сатиричен документарец за Sex Pistols, но и овој проект завршил неславно.
Наместо да оди на снимање, Сид се затворал во хотелската соба со Ненси за да се дрогираат.
Ако, пак, сакал да оди на снимање, Ненси правела сè во нејзината моќ за да го спречи – еднаш дури и лажирала обид за самоубиство.
Ненси беше убиена во нивната хотелска соба
До август 1978 година, Ненси веќе му беше менаџерка на Сид и му закажувала настапи.
Истовремено, ја преземала улогата на негов портпарол кога Сид бил премногу издрогиран за да зборува.
Тој период, тие живееја во хотел во Њујорк.
На 11-ти октомври истата година, Сид и Ненси организирале забава во нивната соба. Таа вечер Сид зел толку многу дрога, што целата забава бил без свест.
Следното утро, гостите во хотелот почнале да се жалат за проблематичниот пар, па кога вработен влегол во собата, ја затекнал Ненси на подот со убодна рана во стомакот.
Сид, пак, го нашле како лута низ ходниците и кажувал дека ја убил.
Кога го однеле во полиција, повторно го кажал истото, но подоцна тврдел дека не помнел ништо од кобната ноќ.
Сид почина четири месеци по убиството на Ненси
Сид бил ослободен со кауција, но бидејќи не можел да се справи со смртта на саканата, неколку денови подоцна пробал да изврши самоубиство.
Потоа поминал два месеца во затвор, а откако го ослободиле, решил да прослави со хероин.
Следниот ден, Сид бил пронајден мртов од предозирање.
До денес останува мистерија што точно ѝ се случило на Ненси.
Сид тврдел дека е невин, додека некои сметаат дека можеби била убиена од некој од гостите. Сепак, таа вечер во нивната соба поминале многу луѓе.
Други, пак, веруваат дека Сид и Ненси сакале да извршат убиство и самоубиство, но не успеале.
Без разлика што се случило, приказната на Сид и Ненси останува запомнета како една од најтрагичните во музичката историја.
Спирова С. | Црнобело