Го обвинуваа за нејзиното убиство, па се предозира: Трагичната љубовна приказна на Сид и Ненси
- Детали
- недела, 23 ноември 2025
Споредувани со Бони и Клајд, приказната на Сид и Ненси е една од најтажните од светот на музичката индустрија. Откако Ненси беше убиена, само четири месеци подоцна, Сид се предозира со хероин. А, двајцата имаа едвај 20 години.

Без разлика дали некогаш сте ги слушале Sex Pistols, па и дали воопшто знаете кои се, веруваме дека сте слушнале за Сид и Ненси – еден од најконтроверзните парови од музичката индустрија.
Сид Вишос беше басист на популарната панк група Sex Pistols, но остана запомнет и по бурната врска со Ненси Спунген.
Споредувани со Бони и Клајд, љубовната приказна на Сид и Ненси била инспирација за многу песни, книги, па и филм со Гери Олдман во главната улога.
Но, нивната љубов заврши трагично, со убиството на Ненси, а само неколку месеци подоцна, и Сид го загуби животот од предозирање.
И, двајцата имаа едвај 20-тина години.
Детали за бурната врска на познатиот пар:
И двајцата имале проблематично детство
Сид бил роден во Англија, а пораснал со самохрана мајка која била насилна и зависничка од дрога.
Ненси, од друга страна, била родена во САД и иако потекнувала од релативно добро семејство, уште во детство имала проблеми со однесувањето.
На 15-годишна возраст била дијагностицирана со шизофренија, а откако ја избркале од факултет, живеела во Њујорк и работела ако стриптизета.
Доживеале љубов на прв поглед
Во 1977 година, Сид станал басист на британскиот бенд Sex Pistols.
Набрзо потоа, Ненси пристигнала во Лондон и се движела во истите кругови како и него.
Иако многумина ја презирале, Ненси секогаш можела да им најде дрога на музичарите и луѓето во нејзиниот круг, па ја толерирале.
Најпрво таа пробала да го освои фронтменот на Sex Pistols, но кога тој ја одбил, го забележала Сид.
Иако постепено станувал ѕвезда, Сид бил срамежлив, па добро се надополнувал со избувливиот карактер на Ненси.
Брзо се зближиле, но врската им била токсична уште на почетокот бидејќи едно од заедничките нешта им било користењето дрога.
Зависноста почнала да им создава проблеми
Сид и Ненси брзо станале неразделни, а откако почнале да живеат заедно, зависноста им се влошувала.
Музичарот бил толку приврзан за Ненси, што таа им пречела на другите членови од бендот. Нивниот менаџер има изјавено дека дури планирале и да ја киднапираат и да ја вратат во Њујорк за да го оттргнат од неа.
Донекаде, Ненси била причина и за распадот на бендот.