Били Боб Торнтон за бурниот брак со Анџелина Џоли: „Носевме ланчиња со крв, па зборуваа дека сме вампири“
- Детали
- среда, 19 ноември 2025
„Мене и на Анџелина ни беше одлично заедно Тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот. Уште сме многу блиски пријатели“, вели Били Боб Торнтон за краткиот брак со Џоли, а во ново интервју ги спомнува ланчињата со крв што ги носеа и вели дека биле само романтичен гест.

Бракот на Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон траеше само три години, но остана запомнет како еден од полудите во Холивуд.
Џоли и актерот се запознаа на сетот на Pushing Tin, почнаа врска и покрај 20-годишната возрасна разлика, а се венчаа во Лас Вегас.
Се разделија три години подоцна, во 2003-та, а сега, во ново интервју, Били зборува за причината за разводот.
70-годишниот актер истакнува дека меѓу нив не се случило ништо лошо – напротив, до денес биле добри пријатели.
„Мене и на Анџелина ни беше одлично заедно. Тоа беше еден од најубавите периоди од мојот живот. Јас и таа уште сме многу, многу блиски пријатели.
Разделбата беше многу цивилизирана. Едноставно, се разделивме бидејќи имавме многу различни животи“.
Актерот додава и дека бил фасциниран и зачуден од интересот на јавноста за нивната врска.
„Кога се запознавме, јас бев попознат од неа. И, кога ја почнавме врската, поради некоја причина, луѓето и медиумите беа многу заинтересирани за славни парови.
Тоа беше популарно. Па, беше чудно. Не можевме да одиме никаде“.
Еден од деталите што привлекуваше најмногу внимание кај Били и Анџелина е тоа што носеа шишенца со нивната крв околу вратот.
Актерот го спомна и ова, истакнувајќи дека јавноста ја преувеличила целта ситуација.
„Имавме по еден мал медалјон во кој буквално имаше само капка крв. Мала романтична идеја – тоа беше сè.
Но, одеднаш почна да се зборувам дека сме вампири, дека живееме во зандана, дека си ја пиеме крвта и некои такви работи“.
Актерот и претходно има зборувано за ланчињата со крв.
„Шишенцето со крв е многу едноставно. Еднаш Енџи дојде дома со комплет што го купила. Ги знаете оние малите медалјони кои се проѕирни, во кои можете да ставите фотографија или што било и да ги закачите на ланче.
Анџелина рече дека ќе биде забавно и романтично ако малку си го боцнеме прстот и ставиме од нашата крв во медалјонот“.
Пред неколку години, актерот сподели и дека донекаде самиот се обвинува за разводот.
„Јас направив грешка бидејќи мислев дека не сум доволно добар за неа. Таа сакаше да го живее животот на свој начин, а јас на мој и бев многу несигурен.
Имаше и луѓе кои велеа дека не заслужувам да бидам со неа“.
Џоли поретко зборува за поранешниот сопруг, но секојпат кога ќе го спомне, кажува убави работи:
„Уште ми е многу драг и му посакувам сè најдобро. Горда сум што краток период бев негова сопруга“, сподели актерката во 2008-ма.
Инаку, Џоли беше петта сопруга на Били, додека моментално тој е во брак со шестата. Заедно се повеќе од две децении, а се венчаа во 2014 година.
Во новото интервју, актерот зборува и зошто конечно „се смирил“ со шестата сопруга.
„Го најдов најдоброто место за мене. Кога претходно стапував во брак, се случуваше кога малку ќе се напиеме, па едниот ќе речеше дека треба да се венчаме и другиот се согласуваше“.
Додека беа заедно, Анџелина и Били го посвоија синот Медокс, но потоа актерката продолжи сама да се грижи за него.
Били, пак, има ќерка со сегашната сопруга, како и три деца од претходни врски.
Спирова С. | Црнобело