Бритни Спирс непрепознатлива, со потечено лице, спуштени панталони и шампањ во рака: „Прекина контакт со најблиските“
- Детали
- петок, 21 ноември 2025
На последните папарацо фотки, лицето на Бритни Спирс е видно променето, а додека излегуваше од бар со шампањ во рака, изгледаше и како панталоните на пејачката да се малку спуштени. Пред неполн месец, таа беше „уловена“ како вози во алкохолизирана состојба.

Со секое ново појавување, Бритни Спирс сè повеќе ги загрижува фановите.
Пред околу еден месец, пејачката беше фотографирана во ресторан, во алкохолизирана состојба, пред да седне за волан.
Сега, пак, беше забележана како излегува од бар во Лос Анџелес, со чаша шампањ во раката.
Лицето на пејачката е видно променето, а изгледаше и како панталоните да ѝ се малку спуштени.
Кога ги забележа папараците, Бритни проба да се скрие со бела марама.
За Daily Mail, нејзиниот портпарол изјавил дека Бритни не пиела алкохол, а подоцна и пејачката се огласи за фотографиите.
Во видеото што го сподели на Инстаграм, Бритни вели дека папараците се злобни и дека ја мрази Америка. На крај споделува и дека ја украсила новогодишната елка.
Бритни звучи малку чудно, но веројатно удел во тоа има и фактот што видеото е забрзано.
Сега, пак, извор за Daily Mail вели дека и нејзините блиски се загрижени за неа, бидејќи престанала да им враќа на пораките.
„Не одговара на телефонот, не ги ни чита пораките. Фрустрирачки е бидејќи само сакаме да знаеме дека е добро, дека се грижи за себе. Но, не сака ништо од нас.
Има многу црвени знаменца и нејзиното однесување е загрижувачко, не знаеме што да правиме.
Всушност, не ни можеме да направиме нешто бидејќи таа е возрасна жена која може да одлучува за себе. Но, загрижени сме бидејќи смета дека ѝ мислиме лошо“.
Друг извор вели дека Бритни нема план наскоро да ги контактира блиските.
„Не брза да стапи во контакт со семејството што ја бара. Тие се свесни за тоа и веројатно ќе ѝ дадат неколку денови пред да ја побараат.
Ако тоа не функционира, ќе се потрудат да ја добијат на нејзиниот роденден (2-ри декември) и барем да ѝ кажат дека се овде за неа“.
Наводно, состојбата на Бритни се влошила откако нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн ги издаде своите мемоари.
Во книгата, тој ја „оцрнува“ Бритни, а деталите што ги изнесува отвориле стари рани за пејачката.
Бритни живее сама, а се шпекулира дека не била во состојба ни да се грижи за својот дом.
„Куќата ѝ е хаос. Не чисти по кучињата, нема личност која ќе ѝ помогне со чистењето. Не функционира како возрасна личност“.
Освен Инстаграм видеото, Бритни се нема огласено за целта ситуација.
Прочитајте и: Бритни Спирс пред нов нервен слом – вози пијана, не може да си влезе дома (фото)
Спирова С. | Црнобело