Карди Би си направи златно срце од папочната врвца на новородениот син – ги подели мислењата
- Детали
- петок, 21 ноември 2025
По породувањето, Карди Би платила 1.000 долари за да ѝ направат златно срце од папочната врвца на син ѝ. Додека некои сметаат дека идејата е одлична и планираат да прават нешто слично, други велат дека сепак е претерување.

Неодамна Карди би го роди своето четврто дете, а вчера сподели и неколку фотки со новороденото синче.
Но, исто внимание привлече и „сувенирот“ што го добила по породувањето.
Карди Би направила златен украс од папочната врвца, во форма на срце.
На Инстаграм профилот на бизнисот што прави вакви сувенири е споделено и видео од процесот на изработка.
Бизнисот нуди изработка на вакви украси, како и правење капсули од плацентата кои потоа мајките ги пијат.
На видеото за изработката на сувенирот на Карди, кое е по малку вознемирувачко, се гледа како низ врвцата е ставена жица, со која се формира срцето.
Kраевите на врвцата се зашиени еден со друг, а потоа е исушена и обложена со злато. За чудниот сувенир, Карди платила 1.000 долари.
„Папочната врвца е најпрвата конекција помеѓу мајката и нејзиното бебе – конекцијата што ги хранела штитела и водела низ секој момент од бременоста.
Ми беше чест да го направам овој сувенир, а тоа што го правиме за Карди и нејзиното слатко бебе многу ни значи“, стои во описот.
Во коментари, многу жени бараат повеќе информации за процесот, а некои споделуваат дека и самите го направиле истото.
Но, има и коментари од луѓе кои сметаат дека ваквиот спомен сепак е по малку бизарен.
„Апсолутно не. Сакам сувенири за спомен, но не би сакала да ја чувам исушената папочна врвца од моето бебе“.
„Истовремено ми е грозно, но и убаво“.
„Мислам дека претерувате“.
„Ова е малку грозно, но секој може да прави што сака“.
„Зошто некој би го сакал ова?“
Карди Би уште го нема откриено името на детето.
Од бракот со Офсет, таа има три деца, додека новородениот син го доби со сегашниот партнер.
Спирова С. | Црнобело