Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ Клуни
- Детали
- недела, 07 декември 2025
Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген бидејќи бракот не е за него. А, ова го сфатил додека беше со првата сопруга, колешката Талија Балсам.

Џорџ Клуни е во среќен брак со сопругата Амал, а од 2017 година имаат и две деца.
Но, пред да ја сретне Амал, Џорџ Клуни со години важеше за ергенот во Холивуд кој никој нема да успее да го „смири“. И, беше вистинско изненадување кога сподели дека врската со Амал е сериозна.
Можеби не се сеќавате, но ова не е прв брак за актерот.
Претходно тој беше во брак со колешка, а наводно лошото искуство го натерало да мисли дека никогаш повеќе нема да се венча.
Детали за првиот брак на Џорџ Клуни:
Првата сопруга е актерка
Првата сопруга на Џорџ Клуни е Талија Балсам која потекнува од актерско семејство.
Ја почнала кариерата во доцните 1970-ти – истиот период како и Џорџ Клуни, иако не успеа да го постигне неговиот успех.
Првата позначајна улога ѝ е во ситком серијата Happy Days, а потоа се има појавено и во неколку друг популарни серии како Homeland и Mad Men.
Се запознале во театар
Џорџ Клуни и Талија се запознале во 1984 година, кога и двајцата глумеле во мала театарска претстава.
Наводно, веднаш се вљубиле еден во друг, но набрзо потоа Талија му раскинала.
Во периодот додека беа разделени, Џорџ Клуни беше во врска со актерката Кели Престон.
Неколку години подоцна, актерот и Талија повторно се сретнале, а овој пат не чекале многу за следниот чекор.
Џорџ Клуни ја запроси во 1989 година, а набрзо потоа се венчаа во Лас Вегас.
