Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ Клуни

Бракот не траеше долго

На почетокот, Џорџ и Талија изгледаа како и секој среќно вљубен пар – заедно одеа на настани, честопати беа фотографирани заедно, а и во интервјуа кажуваа само убави работи еден за друг.

Но, три години подоцна, односот меѓу нив се влошил.

„Овој период беше особено тежок. Среде проблемите во бракот, имав и чир на желудникот и бев многу болен“, има откриено актерот.

Во 1992 година, актерот бил тој што го поднел барањето за развод, а следната година, тие и го официјализираа.

zaradi-nea-bil-siguren-deka-kje-ostane-vechen-ergen-detali-za-prviot-i-mnogu-kratok-brak-na-dzhordzh-kluni-02.JPG

Актерот сподели дека не бил подготвен за брак и затоа решил да стави крај.

„Веројатно, всушност дефинитивно тогаш не бев личност која требало да биде во брак. Мислам дека не бев фер кон Талија. Јас сум виновен за распадот на тој брак“.

Актерот додаде и дека разводот дополнително се искомплицирал од правен аспект.

„Ѝ реков на Талија – ’Кажи ми колку пари сакаш, колку сметаш дека е фер. Јас ќе го напишам чекот, нема да преговарам‘.

Наместо тоа, потрошив над 80.000 долари за адвокати. И, ова ме полудуваше“.

И покрај проблемите, Џорџ останува на тврдењето дека Талија не е воопшто виновна.

„Не ми направи ништо лошо. Имавме врска која не функционираше, најмногу поради моја вина. Јас бев тој кој не сакаше да работи на проблемите.

За мене, фокус беа децата – сите ми кажуваа дека морам да имам деца“.

zaradi-nea-bil-siguren-deka-kje-ostane-vechen-ergen-detali-za-prviot-i-mnogu-kratok-brak-na-dzhordzh-kluni-07.JPG

По разводот, актерот беше сигурен дека нема никогаш повторно да стапи во брак

Џорџ Клуни изјавуваше дека некогаш би сакал да има деца, но самоуверено тврдеше дека ќе остане сингл.

„Никогаш повеќе нема да се венчам. Не бев добар брачен партнер, а ова се одразуваше и на моите врски по разводот“.

По крајот на првиот брак, актерот навистина имаше врски со неколку славни жени, како Камерон Дијаз, Шарлиз Терон и Рене Зелвегер, но ниту една не потраја долго.

zaradi-nea-bil-siguren-deka-kje-ostane-vechen-ergen-detali-za-prviot-i-mnogu-kratok-brak-na-dzhordzh-kluni-09.JPG

Во 2013 година ја запозна Амал, па брзо си го промени ставот.

Што се однесува до Талија, таа последно го спомна актерот пред околу една деценија и откри дека се во добри односи.

„Џорџ беше шармантен и уше е шармантен“.

Моментално и Талија е во среќен брак – во 1998 година се венча со актерот Џон Слатери и заедно се до денес.

zaradi-nea-bil-siguren-deka-kje-ostane-vechen-ergen-detali-za-prviot-i-mnogu-kratok-brak-na-dzhordzh-kluni-04.JPG



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg