Сопругата на Брус Вилис низ солзи за критиките дека го напуштила и не се грижи за него: „Не го замислував нашиот живот вака“
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
Ема Хеминг, сопругата на Брус Вилис, низ солзи зборуваше за критиките и осудите откако откри дека актерот сега живее во друга куќа, во близина на нивниот дом, каде што добива 24-часовна нега. Додека некои велат дека го напуштила, други, кои биле во слична положба, ја поддржуваат во одлуката.

Кон крајот на летото, сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, сподели дека актерот веќе не живее во истиот дом со неа и децата, среде неговата битка со фронтотемпорална деменција.
47-годишната Ема откри дека тој е сместен во посебна куќа, во непосредна близина на нивниот дом, каде што добива 24-часовна нега и грижа.
Ема истакна дека ова била една од најтешките одлуки што ги донела, но сфатила дека самата не може да му ја пружи соодветната нега на 70-годишниот актер.
Истовремено, Ема смета дека вака е подобро и за нивните две ќерки кои се на возраст од 13 и 11 години.
Иако Ема доби поддршка, особено од луѓе кои се грижеле за блиска личност со слично заболување, факт е дека наиде и на многу критики.
Некои велеа дека го напуштила актерот, дека го оставила сам и дека не сака да се грижи за него.
Неодамна Ема гостуваше на конференција каде зборуваше за нефер критиките што го добива како негувателка на Брус, а истакна и дека многу луѓе во нејзина положба непотребно се соочуваат со истите навреди и осуди.
Со насолзени очи, Ема вели дека одлуката да го премести Брус во посебна куќа ѝ се чинела „невозможна“.
Таа додава дека на овој начин се задоволени потребите и на Брус, и на нивните деца, како и дека добива поддршка од постарите деца на Брус.
„Ова се тешко одлуки. Невозможни – ми се плаче само што ќе помислам на нив. Ова не е животот што го замислував за нас.
Па, морав да ја донесам најдобрата и најбезбедната одлука за нашето семејство и знаев дека ако бидам искрена и отворена за тоа, ќе е сочувам со осуди.
А, она што е интересно е тоа што овие осуди доаѓаат однадвор, не од нашето семејство. Бидејќи семејството знае.
Го имам ова прекрасно семејство, но ја имам и мајка му Брус која е во неговите 90-ти. Ги имам брат му и сестра му на Брус и неговите братучеди кои ми даваат поддршка и не осудуваат.
Знаев дека кога ќе зборувам за ова дека ќе се соочам со критики и осуди, па одев на терапија за да се подготвам“.
Ема вели колку да била тешка одлуката, свесна е дека е правилна бидејќи животот на нивните ќерки значително се подобрил.
„Ова е најдобрата одлука за нашето семејство. Најсигурната и сега нашето семејство цути. Луѓето не ги знаат сите потреби на нашите деца кои не беа задоволени зад затворени врати, но ова се промени.
Сега тие се во дом каде што можат да викаат другарчиња, да си играат. Ова се работи за кои не се зборува…
Па, ова е вистинската одлука за нашето семејство. Можеби не е за сите, но тоа е во ред. Сите сме на свое патување, сите имаме свои планови и вие можеби ќе ги промените вашите и тоа е во ред.
Деменцијата е хаос. Грижењето за лице со деменција е хаос и мора да се справите со промените“.