Сопругата на Брус Вилис низ солзи за критиките дека го напуштила и не се грижи за него: „Не го замислував нашиот живот вака“
Иако била свесна за критиките, Ема истакнува дека чувствува олеснување откако ја споделила одлуката да го премести Брус во друга куќа.
Истовремено, се надева дека нејзината транспарентност ќе им помогне на други негуватели кои се во иста положба и ќе ја натера јавноста да стане свесна за товарот што го носат на себе.
За крај, Ема открива дека двете ќерки честопати го посетуваат Брус – заедно појадуваат и заедно вечераат, а наоѓаат време и за заеднички активности во текот на денот.
„Брус би го сакал ова за нашите ќерки. Би сакал да се во дом соодветен на нивните потреби, а не на неговите.
Кога одиме кај него, или сме надвор или гледаме филм… Најважно е што можеме да бидеме таму и да се поврземе со Брус. Тоа е куќа исполнета со љубов, топлина, грижа и смеа“.
И изјавите на конференцијата ги поделија мислењата на јавноста.
Некои повторно ја критикуваат Ема:
„Мислам дека Деми Мур не би му го направила ова на Брус“.
„Мене само не ми е јасно тоа што го преместиле од неговата куќа, купена со негови пари. Зошто не го оставиле него таму, а тие не се преселиле во друг дом?“
„Уште плаче за ова?“
Други, главно луѓе кои имале слично искуство, ја поддржуваат:
„Сите негативни коментари се од луѓе кои никогаш не се грижеле за болен партнер или родител. Ова е нешто што ве истрошува и што може да го уништи целото семејство.
Ако можат да овозможат постојана нега во куќа преку улица, тогаш имаат среќа. Не сте свесни колку е тешко“.
„Освен ако не сте се грижеле за член на семејството со сериозна болест, ве молам да не ја осудувате. Јас се грижев за татко ми последните три години од неговиот живот и последните шест месеци речиси ме убија.
Тоа што го преместиле Брус во втор дом значи дека ќе имаат квалитетно време со него, нешто што ќе го ценат со години подоцна“.
„Ова семејство не треба да се соочува со критики од луѓе кои не ја разбираат ситуацијата. Брус не страда воопшто! Се грижат за него 24/7. Бидете радосни што е сакан и што се грижат за него“.
Во меѓувреме, почна да се зборува за наводната одлука на семејството мозокот на актерот да биде дониран по неговата смрт. Со ова би се помогнале истржаувањта за неговата болест што во иднина можат да донесат поефикасни лекови.
Засга семејството се нема огласено јавно за оваа одлука, но Ема ја спомнува во нејизните нови мемоари.
Погледнете и: „И богатите ги забораваат во домови за нега“: Сопругата на Брус Вилис се брани по критиките дека го напуштила болниот актер
Спирова С. | Црнобело