Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Кардашијан?
- Детали
- понеделник, 08 декември 2025
„Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, а изгледа како да нема свои хобија, па ни свој карактер“, гласи една од забелешките за врската на Кортни и Тревис.

Кога ја почнаа врската, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беа сеприсутни, а станаа препознатливи по провокативните и (според многумина) вулгарни пози и фотки.
Во последно време, особено по раѓањето на нивниот син, се држат понастрана од јавност.
Но, сега повторно се зборува нивната врска, овој пат со шпекулации дека Тревис ја изневерува Кортни, но и дека таа е под целосна негова контрола.
Парот се најде во фокус на јавноста по епизода на реалното шоу на Кардашијанс, во која Тревис ја тера Кортни да трча маратон.
Во сцена која беше емитувана, се гледа како 50-годишниот тапанар ја држи Кортни за рака, па дури и ја влече откако му рекла дека не сака да трча.
Се слуша и како 46-годишната ријалити ѕвезда вели дека ќе поврати или ќе се онесвести ако продолжи со трчање.
Во еден миг, се слуша и како му вели:
„Ако ми дозволиш да се напијам вода, ќе продолжам да трчам со тебе“.
За магазинот The Sun, извор вели дека оваа сцена е во најмала рака вознемирувачка.
„Видеото создаде загриженост. Јавноста смета дека им дава увид во тоа каква е нивната врска во реалноста.
Секој спортист ќе ви каже дека Кортни и Тревис не можат да трчаат со исто темпо и сурово е што тој ја тера да продолжи.
Потоа таа му се заблагодари бидејќи ја притиснал. А, ова се чини дека се случува често во нивниот брак – таа е целосно заслепена од него и очајна е да му удоволи“.
Изворот додава дека ова се случува уште од самиот почеток на нивната врска и Тревис ја има целата контрола.
И друг извор вели дека однесувањето на Тревис во видеото е загрижувачко.
„Ова не е добра комуникација бидејќи Тревис воопшто не ја слуша, дури ни кога му рече дека не се чувствува добро.
Сето ова се црвени знаменца што се игнорираат. Изгледа како да имаат различна моќ во врската“.
Додека се зборува за видеото, се раширија и гласините дека Тревис ја изневерил Кортни со многу помлада девојка. Но, засега нема докази што го потврдуваат ова.
Сепак, ова не се единствените проблеми во нивниот брак.
Тревис и Кортни се познаваат одамна, но ја почнаа врската во 2021-ва и станаа неразделни преку ноќ.
Се венчаа следната година во Лас Вегас, а потоа направија свадба во Италија. На венчавката, пак, Кортни изгледаше многу пијано.
Во меѓувреме, таа целосно си го промени модниот стил и како да почна да го имитира оној на сопругот.
