Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Кардашијан?
„Мислам дека Тревис е многу интелигентен манипулатор и нарцис кој прво ја бомбардирал Кортни со љубов, а на крај ѝ со испрал мозокот“, гласи еден од многуте коментари за нивната врска.
Постојано споделуваа провокативни фотографии, а се фалеа и со нивниот сексуален живот.
Неретко беа и критикувани бидејќи се бакнуваа и се допираа и пред малите деца на Кортни.
Неодамна повторно се огласи претходната сопруга на Тревис, Шана Моаклер, која вели дека тапанарот како да пробува да ја имитира врската што ја имале тие.
Таа вели дека врската на Тревис и Кортни е чудна и дека го кажувала ова уште на почетокот, но луѓето само ја нарекувале љубоморна.
Сепак, изгледа многумина почнуваат да го делат нејзиното мислење.
Во неодамнешна епизода од шоуто на Кардашијанс, Тревис го прашаа што најмногу сака кај својата сопруга.
„Добро се бакнува, има убави стапала и многу добро се грижи за својата хигиена“, гласеше неговиот одговор.
Но, оние кои го следат шоуто веднаш го протолкуваа одговорот како „црвено знаменце“:
„Не спомна апсолутно ништо за карактерот на Кортни, само работите што таа ги прави за него“.
„Кога му рекоа да ги каже омилените работи, се фокусираше само на физичкиот изглед, на нејзиното тело“.
Извор вели дека на Кортни можеби ѝ се допаѓа динамиката во нивната врска:
„Кортни можеби постојано го слуша Тревис бидејќи сака да избегне конфликт, а можеби и ужива во моќта што ја има тој.
Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, а изгледа како да нема свои хобија, па ни свој карактер.
Можеби е зависна од него и покрај него се чувствува безбедно“.
Засега Кортни и Тревис не зборуваат за гласините, а се нема огласено ни семејството на ријалити ѕвездата.
Спирова С. | Црнобело
