Била убиена во 8-ми месец од бременоста од култот на Чарлс Менсон: Тажната судбина на актерката Шерон Тејт
- Детали
- недела, 07 декември 2025
Во период кога кариерата ѝ одела во нагорна линија и го чекала првото дете со својот сопруг, актерката Шерон Тејт била сигурна дека го живее својот сон. Но, токму тогаш била свирепо убиена од култот на Чарлс Менсон.

Кон крајот на 1960-тите, кариерата на актерката Шерон Тејт тргнуваше во добра насока. Таа беше во среќен брак со режисерот Роман Полански, како и во осмиот месец од бременоста.
Но, нејзината приказна заврши трагично, откако беше сурово убиена од членови на култот на Чарлс Менсон.
Детали за едно од најгрозоморните злосторства во Холивуд:
Родена во 1943-та, Шерон Тејт покажала интерес за глума на своја 17-та година.
Додека живеела во Верона, Италија, се пријавила да биде статист во филм на режисерот Ричард Бејмер.
Токму тој го препознал нејзиниот талент и ја охрабрил да си ја проба среќата.
Две години подоцна, Шерон и семејството се преселиле во Лос Анџелес, па овде ѝ се укажала можност да почне да работи во Холивуд.
По две-три години, студијата почнале да ја забележуваат и Шерон почна да добива позначајни улоги, за во 1967-ма да биде најмена за филм на Роман Полански.
Кога се запознале, режисерот не размислувал за врска бидејќи зад себе веќе имал развод.
Сепак, почнале да се гледаат додека траело снимањето, а набрзо потоа и да живеат заедно.
Роман имал репутација на „женкар“ и Шерон била свесна дека нема да ѝ биде верен, но сепак сакал да биде со него.
Во 1968-ма се венчаа, а до крајот на годината таа остана и бремена.
Последните месеци од бременоста Шерон ги минувала во куќата во којашто живееле со Роман. Но, бидејќи тој бил во друга држава каде што снимал филм, Шерон била сама.
На 9-ти август 1969-та, тогаш 26-годишната Шерон викнала тројца пријатели во нејзиниот дом.
Но, вечерта, по наредба на нивниот лидер Чарлс Менсон, неколку членови на култот дошле во куќата каде што го извршиле злосторството.
Според сведоштвото на еден од убијците:
„Менсон ни рече да ги убиеме сите во куќата, што е можно посвирепо. Мислам дека спомна дека во куќата живеела некоја филмска ѕвезда“.
Членовите на култот ја избоделе Шерон во стомакот и ѝ го убиле нероденото дете, потоа ја убиле неа како и тројцата пријатели што биле на гости.
Убиле и 18-годишно момче кое било пријател на домарот во куќата и сосема случајно се нашло таму на кобната вечер.