Била убиена во 8-ми месец од бременоста од култот на Чарлс Менсон: Тажната судбина на актерката Шерон Тејт
Се шпекулира дека Шерон ги молела да ја земат како заложник и да ѝ дозволат да го роди детето, па потоа да ја убијат.
Но, не ѝ ја исполниле желбата.
Откако го извршиле злосторството, убијците со крв го напишале зборот „свиња“ на влезната врата од куќата, а потоа избегале.
Останува нејасно дали метата на Чарлс Менсон била Шерон Тејт.
Менсон се познавал со маж кој претходно живеел во куќата. Па, има теорија дека можеби тој бил мета, а Менсон не знаел дека веќе не живее таму.
Сепак, за време на судењето на членовите на култот, еден од нив сподели дека Менсон бил свесен дека неговиот стар пријател веќе не живее таму.
Друг член сподели дека Менсон сакал да изврши злосторство што ќе го шокира светот и што сите ќе го забележат.
Убиената актерка и нејзините пријатели биле најдени следното утро, од чистачката која работела во куќата.
Режисерот Роман Полански уште бил во друга држава кога му кажале за убиството, па телата ги идентификувал негов пријател.
Приказната за убиството на актерката брзо се рашири низ Холивуд, па и низ цела Америка.
Бидејќи истата ноќ култот убил уште две значајни личности во Холивуд, локалците почнале да се плашт дека на мета се познати и влијателни луѓе во забавната индустрија.
Некои славни личности почнале да купуваат оружје и да даваат уште повеќе пари за обезбедување. Други, пак, извесен период ги напуштиле своите домови и спиеле по хотели.
Два месеца по убиството, полицијата успеала да уапси неколку членови од култот на Чарлс Менсон, но за други прекршоци.
Сепак, една од уапсените почнала да се фали за нејзината улога во убиството на Шерон Тејт, па ова ѝ помогнало на полицијата да ги најде сите убијци.
Бил приведен и Чарлс Менсон, иако самиот веројатно не убил никој.
Сепак, бидејќи тој ги оркестрирал злосторствата на другите, па бил осуден на смрт, исто како сите уапсени од неговиот култ.
Но, набрзо потоа законот се променил, па сите уапсени добиле доживотна казна затвор.
Чарлс Менсон никогаш не откри зошто на мета му била Шерон Тејт или токму таа куќа.
Сепак, постојат разни теории, како тоа дека сакал да ја уништи елитата во Холивуд, а Шерон била само случајна мета.
Менсон почина во 2017 година, зад решетки.
Прочитајте повеќе: Факти за Чарлс Менсон, лидерот на најпознатиот култ чија мета биле холивудските ѕвезди - организирал над 35 убиства, но самиот не убил никого
Спирова С. | Црнобело