За помалку од 2 години се разведе, па почна врска со жена - Како Мајли Сајрус пронајде среќа со новиот свршеник?
- Детали
- среда, 03 декември 2025
Мајли дојде на премиерата на филмот Avatar: Fire and Ash со 6 години помладиот Макс Морандо, а на раката ѝ блескаше голем златен прстен со дијамант - додека позираа на црвениот тепих, пејачката скоро цело време ја држеше раката на градите на Макс (27), како да пробува да го сврти фокусот кон прстенот на својата рака.

Светската ѕвезда Мајли Сајрус се сврши со својот дечко Макс Морандо по 4 години врска.
Иако не потврди официјално, таа дојде со него на премиерата на филмот Avatar: Fire and Ash во Лос Анџелес, а на раката ѝ блескаше голем златен прстен со дијамант, за кој медиумите во САД напишаа дека е свршенички прстен.

Додека позираа на црвениот тепих, Мајли (33) скоро цело време ја држеше раката на градите на Макс (27), како да пробува да го сврти фокусот кон прстенот на својата рака.
Запрашана дали се свршиле, таа одговорила дека „врската им е силна и дека покрај него пораснала, си го изградила повторно животот и дека само сака да има вистински зрела личност покрај себе“.

Парот е во врска 4 години, а јавноста дозна дека се заедно во април 2022, откако беа фотографирани како се бакнуваат на улица во Западен Холивуд.
Дури следната година, во интервју за Vogue Мајли првпат прозборе за Макс, кој е пејач и тапанар во бендот Lilly и откри дека се запознале преку „состанок на слепо“.

Пред врската со Макс, Мајли беше 10 години во љубов со актерот Лиам Хемсфорт.
Парот се разведе за помалку од две години, наводно поради негово неверство.

Брзо откако го напушти Лиам, Мајли почна врска со Кејтлин Картер, која беше во центарот на вниманието на јавноста, бидејќи секаде се појавуваа заедно, одеа на патувања, разменуваа нежности пред камерите.
Откако раскина со неа имаше кратка врска со Коди Симпсон, а потоа се заљуби во 6 години помладиот Макс.

А. Ј. | Црнобело