Најголемите тајни на славните личности – Чиј татко ограбил банка?
- Детали
- сабота, 06 декември 2025
Знаевте ли дека Опра Винфри забременила на 14-годишна возраст? Но, детето било предвремено родено и не преживеало.

За славните личности е навистина тешко да скријат нешто од јавноста.
Па, кога се меѓу најпопуларните луѓе на планетата, кога-тогаш ќе испливаат и нивните најдлабоки тајни.
Дел од нив во продолжение:
Џенет Џексон успешно криеше брак цели девет години
Во 1990-тите, Џенет Џексон не криеше дека е во врска со танчарот Рене Елизондо. Но, она што не беше познато за јавноста е дека тие двајца биле во брак.
Се венчале во 1991 година и некако успеваа да го скријат овој факт од јавноста сè до разделбата во 2000 година.
Набрзо потоа Џенет сподели дека многу мал број луѓе присуствувале на нивната свадба.
Им се доверила само на најблиските луѓе, за кои знаела дека можат да чуваат тајна.
Таткото на Тоби Мегваер ограбил банка
Тоби Мегваер пораснал во толку сиромашно семејство, што за татко му, единствен излез од мизеријата бил да ограби банка.
Во 1993 година, татко му добил дијагноза за полипи кои стравувал дека ќе се претворат во рак.
Тој период починала и неговата сестра, па тој морал да се грижи за нејзините деца. Плашејќи се дека ќе нема пари, одлучил да ограби банка во близина на нивниот дом.
Го извршил грабежот среде бел ден, но бил фатен веднаш, додека бегал со торба полна пари.
Бидејќи немал криминално досие и веднаш признал вина, наводно добил само две години затвор.