Најголемите тајни на славните личности – Чиј татко ограбил банка?
Сестрата на Џек Николсон била всушност негова мајка
Семејната драма на Џек Николсон е налик на шпанска сапуница.
Поголемиот дел од животот, актерот не знаел дека неговата сестра е всушност неговата биолошка мајка.
Жената за која мислел дека му е мајка, била негова баба.
Биолошката мајка на актерот, Џун, имала само 18 години кога забременила. Но, таткото на актерот веќе бил во брак, па за да се избегне скандал, истапила бабата на актерот, поточно мајката на Џун. Таа лажела дека Џек е нејзино дете.
Актерот ја дознал вистината дури на 37-годишна возраст, и тоа благодарение на новинар од магазинот Time кој пишувал колумна за него.
Дотогаш, и мајка му и баба му починале, па актерот прашувал други членови на семејството за целата приказна. Најпрво негирале, но на крај сепак му ја кажале вистината.
Прочитајте повеќе: На 37 години открил дека неговата сестра му е биолошка мајка – лудата животна приказна на Џек Николсон
Биолошкиот татко на Никол Ричи бил близок со Лајонел Ричи
Лајонел Ричи ја посвоил Никол кога таа имала девет години.
Исто како Лајонел, и биолошкиот татко на Никол бил релативно успешен музичар во САД.
Но, нејзините родители се соочиле со сериозни финансиски проблеми, па кога Никол имала три години, дозволиле таа да живее со Лајонел.
Бидејќи биле блиски со пејачот, му верувале дека може да се грижи за неа.
Иако на родителите не им било сеедно, знаеле дека тоа е најдоброто за неа.
Кога Никол наполнила девет години, Лајонел и неговата тогашна сопруга и официјално ја посвоиле, па денес таа го носи презимето на познатиот пејач.
Опра Винфри родила дете на 14-годишна возраст
Познатата водителка самата има откриено дека на 14-годишан возраст забременила.
Таа родила и момче, но предвремено, па тоа не преживеало.
Денес водителката нема деца, а неколкупати има изјавено дека оваа одлука ја донела свесно, бидејќи не верувала дека ќе биде добра мајка.
Но затоа, пак, поддржува бројни добротворни организации кои им помагаат на деца.
Спирова С. | Црнобело