Актерката Тара Рид за морничавото видео на кое губи свест: „Ми подметнаа дрога, не бев пијана – не се сеќавам на ништо“
- Детали
- четврток, 04 декември 2025
Ѕвездата од American Pie имаше проблеми со зависност во минатото, па кога се појави морничавото видео, сите претпоставуваа дека повторно му се вратила на порокот. Таа тврди дека некој ѝ подметнал дрога во пијалакот, додека полицијата вели дека на безбедносните снимки не се гледа ништо такво.

Минатата недела во јавност се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како актерката Тара Рид губи рамнотежа и паѓа.
Ѕвездата од American Pie беше ставена во инвалидска количка и во еден миг како да пробуваше да стане, но безуспешно.
На крај, се гледа како 50-годишната актерка ја изнесуваат со болнички кревет.
Инцидентот се случил во хотелско лоби во Чикаго, а подоцна актерката изјави дека била издрогирана.
Не е тајна дека Тара во минатото имаше проблеми со зависност, но сега стои на ставот дека додека била во хотелскиот бар, некој ѝ подметнал дрога во пијалакот.
Па, вознемирувачката сцена во хотелот е резултат на тоа.
Според извор близок до актерката, нејзините блиски ѝ верувале, а таа планирала да пријави и во полиција.
Изворот додава и дека ако пријателите се свесни дека има проблем, ќе ѝ помогнат.
„Тара имаше проблеми во минатото, но сега е подобро. Сепак, уште пуши многу цигари. Повремено може да се напие, но си ги знае границите.
Секако, ако повторно ѝ се влоши состојбата, нејзините блиски ќе ѝ ја дадат потребната помош. Но, засега, не се загрижени за неа“.
Кога ѝ се подобрила состојбата, Тара поднела пријава, а побарала и снимки од безбедносните камери од барот во којшто била.
Пред неколку денови, сподели и повеќе детали:
„Беше навистина страшно. Ова е страшно за сите, не само за девојки, туку и за момчиња, за кој било. Мора да бидете многу внимателни со вашите пијалаци. Бев без свест осум часа“.
Актерката додава дека лекарите веднаш познале дека е издрогирана и не ни ѝ го провериле нивото на алкохол во крвта.
„Веднаш ми рекоа дека сум издрогирана. Ми кажаа дека некој ми подметнал нешто во пијалакот… Целата ситуација ми е малку матна.
Не можам ни да ја објаснам бидејќи не ни знам што се случило. Бев многу збунета. Кога се вратив дома, сè ми беше матно.
Целата ситуација е навистина страшна. Мило ми е што бев на јавно место и што имаше обезбедување да ми помогне“.