Шерон Озборн низ солзи зборува за последните мигови со Ози: „Ми рече да го бакнам, да го прегрнам силно“
- Детали
- среда, 10 декември 2025
„Сега постојано се прашувам дали требаше да го прегрнам. Само да му кажев дека го сакам… Потоа се симна на долниот кат и по 20-тина минути почина“, Шерон Озборн првпат зборуваше за денот кога го изгуби сопругот Ози, а сподели и дека пејачот бил свесен дека се ближи крајот.

Ози Озборн почина во јули годинава, а неговата сопруга Шерон сега првпат зборуваше за тажниот ден.
Во емотивно интервју со Пирс Морган, 73-годишната Шерон низ солзи ги сподели и последните зборови што ѝ ги кажал сопругот.
Шерон вели дека Ози ја разбудил околу 4 часот наутро, а починал само 20-тина минути подоцна.
Иако бил во лоша здравствена состојба, Ози инсистирал дека не треба да ја прескокне утринската рутина за вежбање.
Па, отишол да вежба со неговиот тренер, но по некое време Шерон слушнала викање.
„Имаше инфаркт. Истрчав на долниот кат и тој беше таму, пробуваа да го освестат и јас само си помислив ’Немојте, само оставете го. Оставете го. Си замина‘.
Веднаш знаев дека нема да можат да го спасат. Пробуваа и пробуваа, а потоа со хеликоптер го однесоа во болница. Се обидуваа и таму, но знаев дека си заминал“.
Шерон зборува и за последниот миг што го имала со сопругот.
„Беше буден во тоалетот, беше околу 4:30 часот наутро. Ми рече да се разбудам, а јас му реков дека сум будна. Потоа ми рече ’Бакни ме‘, па ми рече ’Прегрни ме цврсто‘.
Сега постојано се прашувам дали требаше (да го прегрнам). Само да му кажев дека го сакам. Само да го прегрнев посилно. Потоа се симна на долниот кат и по 20-тина минути почина“.
Шерон зборуваше и за последните денови на пејачот.
„Во последната недела ми зборуваше дека има некакви соништа, дека гледал луѓе што никогаш не ги знаел.
Го прашав какви луѓе, и тој ми рече ’Разни луѓе. Одам и одам и секоја ноќ ги гледам овие луѓе и тие ме гледаат мене и никој не зборува‘.
Мислам дека знаеше, беше подготвен“.