Шерон Озборн низ солзи зборува за последните мигови со Ози: „Ми рече да го бакнам, да го прегрнам силно“
Шерон и Ози се венчаа во далечната 1982 година, а и покрај сите премрежја, како зависност и неверства, нивниот брак важеше за еден од најстабилните во забавната индустрија.
Таа е искрена дека Ози имал многу недостатоци, додека блиските до парот ја возвишуваат нејзината посветениот кон Ози, особено во последните години од неговиот живот.
Шерон отсекогаш му била најголема поддршка, дури и за неговиот последен концерт две недели пред смртта.
И таа и Ози биле свесни дека концертот може да биде пренапорен за него, но Шерон го поддржала.
На прашањето дали Ози бил свесен дека се ближи крајот, Шерон вели:
„Да, бидејќи оваа година беше многу, многу болен. И кога отидовме во Англија и разговаравме со нови доктори, нов медицински тим за него, главниот лекар му рече ’Ако го одржиш овој концерт, толку е. Нема да издржиш повеќе‘.
Но Ози само му рече дека сака да го одржи концертот. Знаеше дека телото му откажува. Беше во болки. Имаше пневмонија трипати оваа година. Имаше сепса.
Тоа е она што вистински го уништи. Примаше инјекции со антибиотици, двапати дневно, но беа силни и убиваа сè во него, и доброто и лошото“.
Шерон додава и дека Ози нашол сила за последниот концерт биејќи сакал да се збогува со верните фанови.
„Само сакаше да им се заблагодари на сите. Мислам дека искрено беше свесен дека е готово. Дека му дојде време.
Беше многу среќен по концертот. Постојано читаше во медиумите и ми рече ’Не ни знаев дека толку многу луѓе ме сакале‘.
Мислам, знаеше дека е познат, но не и дека толку многу луѓе го сакаат и беше многу среќен. Па, во наредните две недели, за него секој ден беше сончев“.
Шерон откри и дека Ози ја прашал дали ќе се премажи, а таа вели дека никогаш, никој нема да ѝ го замени почнатиот сопруг.
Спирова С. | Црнобело