Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постела, го искористи за пари“
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруга. Неговите ќерки ја обвинуваа дека го искористила за пари, а таа, пак, ги тужеше за клевета. Сега, Клои Кардашијан даде ретка изјава за маќеата.

Иако целиот свет знае кои се Кардашијанс, малкумина слушнале за маќеата на познатите сестри.
Роберт – таткото на Ким, Клои и Кортни – кратко пред да почине стапил во брак со неговата трета сопруга, која наводно само сакала да го искористи за пари.
Татко им Роберт беше во брак со мајка им Крис Џенер до 1991 година, а во 2003-та, тој се венча со Елен Пирсон.
Но, овој брак траеше само шест недели, односно до смртта на Роберт во септември 2003 година.
Славните сестри скоро никогаш не зборуваат за третата сопруга на татко им, но сега Клои Кардашијан ја спомна во епизода од нивното ријалити шоу.
Клои, како и нејзините сестри, го делат мислењето дека Елен се венчала со татко им само за пари, а по неговата смрт ги задржала сите негови предмети.
Па, ријалити ѕвездите немале речиси ништо од нивниот татко.
„Како да немам ништо од татко ми. Пред татко ми да почине, една жена се венча со него, додека тој беше на смртна постела и ни одзеде сè што беше негово.
Па, немам ништо од татко ми. Приказната е долга“, вели Клои во ријалити шоуто.
Неодамна, Ким Кардашијан успеала да лоцира Библија што му припаѓала на татко им и ја купила на аукција за дури 80.000 долари.
Библијата ѝ ја подари на сестра ѝ Клои, па поради ова таа се присети на третата сопруга на Роберт.
„Навистина е кул бидејќи немам ништо со ракописот на татко ми. На Библијата има порака напишана од него. Ми значи што можам да му го видам ракописот.
И, на Библијата е изгравирано неговото име… Ова е навистина посебен предмет за мене“, вели Клои.
Кардашијанс ја спомнаа Елен Пирсон и пред неколку месеци, повторно во нивното реално шоу.
