Жизел Бундшен се венча во тајност, речиси една година откако добија дете со новиот партнер

„Жизел е среќна и вљубена и планираше да стапи во брак. Но, не сакаше ништо раскошно или нешто што привлекува внимание, за да можат да уживаат во денот со сопругот и семејството“, открива извор за венчавката на Жизел Бундшен.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner01.jpg

Врската на Жизел Бундшен со Хоакин Валенте беше вистинско изненадување, најмногу бидејќи набрзо се дозна и дека очекуваат дете.

Сега, пак, тие и стапиле во брак, иако одбиваат да зборуваат за венчавката.

Според изворите на Daily Mail, Жизел и тренерот се венчале на 3-ти декември, во нивниот дом во Флорида.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-04.JPG

Жизел и Хоакин ја потврдија врската на Денот на вљубените во 2024-та, по неколкумесечни шпекулации.

Годинава добија син и генерално не откриваат детали за нивната врска.

Сега изворите споделуваат зошто Жизел одлучува да молчи за љубовниот живот, по бракот и разводот со Том Брејди кој честопати беше во фокус на јавноста.

„Жизел е преморена од вниманието што го привлекува нејзиниот приватен живот. Но, со новиот сопруг е многу среќа и сакаа заедно да имаат дете. Тие се и најдобри пријатели, со многу заеднички интересни.

Жизел прави онака како што сака. И, она што го сакаше е мала приватна церемонија. Нејзиниот живот е исполнет со нејзините деца, семејството и работата.

Среќна е што повторно е во брак, среќна е што има мало дете“.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-02.JPG

Изворот додава дека Жизел сакал да стапи во брак по разводот со Том Брејди, само го чекала вистинскиот миг.

„Жизел е среќна и вљубена и планираше да стапи во брак. Но, тајмингот ѝ беше важен.

Не сакаше ништо раскошно или нешто што привлекува внимание, за да можат да уживаат во денот со сопругот и со семејството. Го направија вистинскиот избор што се венчаа“.

Друг извор потврдува дека Жизел е пресреќна што сега и ја официјализира врската со Хоакин.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-08.JPG

Жизел, пак, не сподели апсолутно ништо од венчавката и веројатно не планира да зборува за тоа.

Иако ја потврди врската со Хоакин лани, извори велат дека Том Брејди бил сигурен дека се заедно неколку години.

Изворите не алудираат на афера, но наводно ја почнала врската речиси веднаш по разводот.

„Ако сакаат јавноста да верува дека се заедно од тогаш, во ред, но тие се заедно подолго и врската навистина е сериозна. Сепак, Том ја прифаќа целата ситуација.

Тој не е пријател со Хоакин, но бидејќи Хоакин сега минува време со неговите деца, мора да го гледа доброто во него. Том ќе може да се адаптира“.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-06.JPG

За потсетување, Жизел и Том Брејди соопштија дека се разведуваат кон крајот на 2022-ра, по неколкумесечни шпекулации дека имаат проблеми во бракот.

Наводно, Жизел била гневна бидејќи Том Брејди повторно почнал да игра раби, иако ѝ рекол дека ќе се пензионира за да поминува повеќе време со семејството.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-7.JPG

„Очигледно, загрижена сум – ова е многу насилен спорт, а имаме деца и би сакала да минува повеќе време со нив. Одново и одново сум разговарал со него за ова.

Но, на крај сметам дека секој треба да донесе одлука за себе“, сподели моделот кратко пред разделбата.

zhizel-bundshen-se-vencha-vo-tajnost-rechisi-edna-godina-otkako-dobija-dete-so-noviot-partner-05.JPG

Том Брејди на крај сепак се пензионира, но разводот беше неизбежен.

Прочитајте и: Жизел Бундшен (44) се породи: Прво дете со дечко ѝ Хоакин, бившиот Том Брејди уште не може да ја преболи

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи) Иако пробуваат да негираат, Вил Смит и Џејда имаат отворен брак. Но, ова изгледа...

Најчитани неделава