Се прослави на 13 години, се бореше со зависност од односи и исчезна од јавност: Што се случи со пејачката Џоџо?
Била жртва на сексуален напад
Џоџо има изјавено дека откако станала полнолетна, голем дел од мажите со кои соработувала почнале да пробуваат да ја освојат, без разлика што биле по 20 и повеќе години постари од неа.
„Многупати добивав понуди за секс од луѓе со кои соработував. Јас си ја сакав работата, но не сакав да имам ништо со овие мажи“.
Џоџо има раскажано и ситуација во која била жртва на сексуален напад.
Додека снимала песна со еден продуцент, тој не ѝ дозволувал да го напушти студиото, ја терал да пие алкохол, а потоа и пробувала да ја натера да спие со него.
Во друг инцидент, Џоџо вели дека се разбудила гола во хотелска соба по новогодишна забава.
Во бањата нашла искористен кондом, па кога го прашала мажот со кого разговарала на забавата што се случило, тој тврдел дека Џоџо го „молела“ да спие со неа.
Овој период, пејачката почнала да користи седативи, но и да пие многу алкохол.
Покрај алкохолот, се борела и со зависност од секс
Џоџо и претходно пиела алкохол, но проблемот станал поочигледен откако наполнила 18 години и постојано одела на забави.
Истиот период вели дека излегувала со многу мажи, обично постари од неа, кои секогаш ја оставале, а станала и зависна од секс.
„Мислам дека сексот ми стана омиленото нешто што ми помагаше да ја заборавам реалноста и сите мои грижи и стравови.
Имав ниска самодоверба, па имав потреба мажите да ме посакуваат. Тоа ми беше како дрога“.
Бидејќи овој период уште не можела да го издаде третиот албум, проблемите само ѝ се влошувале.
„Кога кариерата почна да ми стагнира, се свртев кон алкохол, дрога, секс, храна… Никогаш ништо не ми беше доволно.
Пиењето ми помагаше да ги исклучам емоциите и постојано бев под дејство на алкохол или дрога, дури и во текот на денот“.
Сепак успеа да си го подобри животот
Во 2011 година, Џоџо успеа да го издаде третиот студиски албум, а тој период почнала да оди на психијатар кој ѝ препишал антидепресиви:
„Вината и напнатоста што ги чувствував беа неподносливи. Фала Богу, антидепресивите почнаа да функционираат. Почнав да вежбам и да се хранам здраво – вежбав јога, пилатес, постев…“
Иако не ја повтори популарноста од минатото, Џоџо уште е активна во музичката индустрија и вели дека е благодарна за личноста којашто е денес.
Спирова С. | Црнобело
