Проба да киднапира дете, работеше во Индија нелегално: Приказни за Линдзи Лохан кои звучат измислено, но не се

Линдзи Лохан направила долг од 46.000 долари во луксузен хотел во Лос Анџелес. Откако менаџерот не можел да ја убеди да плати, на сила ја изнесле надвор и ѝ забраниле да влезе во хотелот додека не се раздолжи.

proba-da-kidnapira-dete-noseshe-elektronska-alka-za-sledenje-prikazni-za-lindzi-lohan-koi-zvuchat-izmisleno-no-ne-se01.jpg

Ако во минатото ја следеа само скандали, сега Линдзи Лохан е како друга личност.

Некогашната „лоша девојка“ денес повторно се фокусира на актерската кариера, а проблематичните денови ги остави зад себе.

Сепак, во периодот пред да си го среди животот, Линдзи успеваше да се најде среде скандали кои звучат и нереално.

Најлудите приказни за Линдзи Лохан кои не се лага:

Проба да „спаси“ мало дете

Во 2018 година, во Москва, Линдзи Лохан се вклучи во живо на Инстаграм, со цел да им каже на следбениците дека пробува да „спаси“ две бездомни деца.

Во видеото е јасно дека актерката е пијана кога му приоѓа на семејство бездомници за кои вели дека биле бегалци од Сирија.

Се гледа ако им вели на родителите дека сакала да им помогне, па дури и им вели дека нема да си замине додека не дојдат со неа. Потоа пробува да ги убеди да ги земе двете деца со неа во хотел бидејќи не требало да седат на земја.

Иако мајката е видно вознемирена и пробува да ги заштити децата, Линдзи станува поупорна и делува како да сака да ги киднапира.

По неколку минути, целото семејство само си ги собра работите и избега од актерката.

Нормално, Линдзи се соочи со многу критики, па на крај мораше да се огласи:

„Погрешно ја проценив ситуацијата. Научив од мојата грешка. Тоа е сè што имам да кажам“.

proba-da-kidnapira-dete-noseshe-elektronska-alka-za-sledenje-prikazni-za-lindzi-lohan-koi-zvuchat-izmisleno-no-ne-se-02.jpg

Бизарен инцидент со слаткарница

Во 2011-та, по повод 75 години постоење, позната американска слаткарница им додели картички на неколку славни личности, со кои можат бесплатно да земат сладолед од таму.

Како што споделија од слаткарницата, картичките се персонализирани и можат да ги користат само славните личности што ги добиле.

Но, мајка и на Линдзи Лохан, Дина, се најде среде скандал кога пробала да земе бесплатен сладолед користејќи ја картичката на Линдзи.

Иако веројатно не ѝ недостасуваат пари, Дина инсистирала дека нема потреба да плаќа за нарачката бидејќи имала картичка. Кога ѝ рекле дека картичката е на име на Линдзи, почнала да се расправа и на крај била повикана полиција.

Подоцна Дина тврдеше дека целото семејство имало ваква картичка, но таа по грешка ја зела на Линдзи:

„Не ми се веруваше. Тоа е семејна картичка, само на неа не стоеше моето име. Следниот миг се појавија четири полициски автомобили, имаше и хеликоптер и во слаткарницата со однесуваа како да сум извршила грабеж.

И за што? За бесплатен сладолед“.

Бидејќи американските медиуми на големо пишуваа за инцидентот, од слаткарницата споделија дека ѝ ја одзеле картичката на Линдзи бидејќи нејзиното семејство ја злоупотребувало.

Односно, ја користеле сите, иако била наменета само за актерката.

proba-da-kidnapira-dete-noseshe-elektronska-alka-za-sledenje-prikazni-za-lindzi-lohan-koi-zvuchat-izmisleno-no-ne-se-03.JPG

Постави тренд со нејзината електронска алка за следење

Во 2007 година, Линдзи Лохан предизвика сообраќајка бидејќи возеше под дејство на алкохол.

Беше уапсена, по што си доби и електронска алка за следење и споделуваше и фотки во бикини и штикли со неа.

На една објава дури ги замоли од Chanel да ѝ помогнат да ја скрие алката, за да изгледала добро со елегантен фустан.

Интересно е што следната година, Chanel навистина направи штикли со мала чантичка на глуждот.

proba-da-kidnapira-dete-noseshe-elektronska-alka-za-sledenje-prikazni-za-lindzi-lohan-koi-zvuchat-izmisleno-no-ne-se-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg