Проба да киднапира дете, работеше во Индија нелегално: Приказни за Линдзи Лохан кои звучат измислено, но не се
Нелегално работеше во Индија
Во 2010 година, Линдзи Лохан реши да сними документарец насловен Lindsay Lohan’s Indian Journey, со фокус на трговијата со луѓе и сиромаштијата во државата.
Во склоп на документарецот, Линдзи разговараше со деца и им даваше можност да ги споделат нивните тажни приказни.
Но, бидејќи била во Индија за да работи, Линдзи морала да поседува работничка виза, а не туристичка.
Па, откако на Твитер се пофали за документарецот, индиските власти пробаа да ја лоцираат за да ја депортираат.
Не е познато што точно се случило, но потоа Линдзи ги прескокна закажаните интервјуа во Индија, па веројатно била вратена дома.
Ја избркаа од луксузен хотел
Во 2012 година, Линдзи Лохан поминала два месеца во луксузниот хотел Chateu Marmont во Лос Анџелес.
Направила долг од дури 46.000 долари, но немала платено ништо. Кoга хотелскиот менаџер безуспешно пробал да ја натера да си го покрие долгот, решил да ја избрка.
На Линдзи ѝ забраниле да влезе во хотелот сè додека не ја плати потребната сума.
Според некои извори, во двата месеца Линдзи потрошила 700 долари на цигари, 3.000 долари на пијачки од минибарот во собата и 400 долари за гледање филмови.
На крај Линдзи сепак си го плати долгот.
Во јавност протече листа со мажите со коишто спиела
Во 2014 година, онлајн почна да се споделува листа на која наводно биле наведени мажите со коишто Линдзи спиела.
На листата имаше имиња како Орландо Блум, Ештон Кучер, Хит Леџер и Џејмс Франко.
На крај Линдзи сподели дека листата е вистинска и ја направила додека била во советувалиште за откажување од алкохол.
„Беше нешто многу лично и имаше чекори што требаше да ги поминам. Не сакам да откривам премногу бидејќи треба да постои анонимност, но мојата беше прекршена“.
Линдзи откри дека не знае кој ја објавил листата, но истакна дека е повредена.
Беше дел од филмска брканица со автомобили
Во 2007 година, Линдзи, под дејство на алкохол, се скарала со нејзината тогашна асистентка додека биле на забава.
Асистентката дала отказ и ја напуштила забавата, но Линдзи го зела автомобилот на нејзин пријател и почнал да ја брка. Тројца пријатели пробале да ја запрат, но Линдзи им се заканила дека ќе ги тужи.
Возела со брзина од 160 километри на час и кога стигнала до автомобилот на асистентката, почнала да кружи околу него.
Според изворите, почнала да вика дека е славна и никој не ѝ може ништо.
Сепак, Линдзи беше уапсена за инцидентот – за возење под дејство на алкохол и поседување дрога.
Спирова С. | Црнобело
