Беше во затвор, пишувала еротски приказни: Факти за Мишел Родригез, актерката што глуми „опасни девојки“
- Детали
- среда, 07 јануари 2026
Мишел Родригез неколкупати била во затвор за разни сообраќајни прекршоци. Истовремено, избувлива е и знае да биде премногу искрена, што неретко ѝ носи проблеми.

Мишел Родригез се прослави со улогите на „опасни девојки“.
Ја почна кариерата во 2000 година со спортската драма Girlfight, стана ѕвезда благодарение на серијалот Fast and Furious, а има улога и во Avatar од 2009-та.
Покрај тоа, го има позајмувано својот глас во неколку популарни видеоигри, како Halo 2 и Call of Duty: Black Ops II.
Иако сме сигурни дека ја препознавате, веруваме дека не знаете некои детали од нејзиниот приватен живот бидејќи не се експонира многу.
Факти за Мишел Родригез:
Веднаш ја добила првата улога, без разлика што немала никакво искуство
Во филмот Girlfight, Мишел глуми млада девојка што сака да се пробие како боксер.
Иако немала апсолутно никакво искуство со глума, отишла на аудиција, а темперамент бил доволен за да ја добие улогата.
„Им реков дека немам никакво актерско искуство, но дека можам да ја истепам секоја девојка во собата и дека не ми е страв од камера“, сподели таа.
Филмот веднаш се покажа како хит и Мишел стана ѕвезда, но актерката воопшто не уживала во славата.
„Се чувствувам непријатно. Мислам дека е нереално. И јас одам во тоалет како и сите вие, иста сум. Не ја гледам поентата на славата“.
Има проблеми со темпераментот
Мишел секогаш била искрена, некогаш и премногу, а не недостасуваат инциденти каде ја покажува својата избувлива страна.
Кратко откако беше издаден нејзиниот прв филм, таа беше уапсена бидејќи се скарала со нејзината цимерка.
Од нивниот дом, караницата продолжила на улица, каде што Мишел ѝ се заканувала на цимерката дека ќе ја истепа ако не си замине.
И покрај заканите, нејзината цимерка не сакала да ја тужи.
Беше во затвор
Судирите со законот не се нешто непознато за Мишел, а најчесто има проблем со сообраќајни прекршоци.
Во 2004 година, таа беше на суд за три прекршоци – возење со одземена возачка, возење под дејство на алкохол, но и бидејќи удрила пешак и избегала.
Тогаш доби само 48 часа во притвор, а работеше и општокорисна работа, и тоа во мртовечниц.а
Сепак, две години подоцна повторно беше уапсена за возење под дејство на алкохол.
Тогаш помина пет дена во затвор.
Тој период Мишел глумеше во серијата Lost, а набрзо по инцидентот ја изгуби улогата.