Беше во затвор, пишувала еротски приказни: Факти за Мишел Родригез, актерката што глуми „опасни девојки“
Најдолгиот престој во затвор на Мишел е 180 дена, во 2008 година, бидејќи ја прекршила нејзината условна казна.
Сепак, затворот бил преполн, па ја пуштиле многу порано.
Сака да биде режисерка
Мишел има изјавено дека сака да ја продолжи кариерата во Холивуд, но како режисерка.
„Сакам да пишувам и да режирам. Сфатив дека е најдобро да почнам од дното, од актерка да станам продуцентка, па режисерка“.
Пишувала еротски приказни
Мишел отсекогаш сакала да пишува, а во тинејџерските години пишувала и кратки приказни.
„Некои од нив беа и еротски. Тоа ми беше хоби. Многу сакав да раскажувам приказни“, има изјавено во интервју.
Пораснала во многу религиозно семејство
Мајката на Мишел била дел од заедницата јеховини сведоци, па и таа била присилена да ја следи верата.
А, вели дека поради заедницата, нејзиното детство било трауматично.
Заедно со мајка ѝ, Мишел морала да оди по туѓи домови за да ја промовира религијата. Па, ѝ било многу непријатно кога ќе заѕвонеле кај нејзини соученици.
„Бев јеховин сведок од мојата седма година, а моето семејство беше многу строго.
Секој ден одев на црква и секој ден одев од врата до врата за да ги ’спасам душите‘ на другите луѓе. Некогаш вратата ја отвораа пријатели од училиште“.
Спирова С. | Црнобело