Почина актерката Брижит Бардо на 91-годишна возраст

Брижит Бардо, која во 1970-тите се пензионира за да се посвети на својата фондација за заштита на животните, почина на 91-годишна возраст. Последните години од животот ги помина изолирана од јавноста, а засега не е позната причината за смртта.

pochina-akterkata-brizhit-bardo-na-91-godishna-vozrast-01.jpg

Брижит Бардо, една од најпознатите француски актерки, почина на 91-годишна возраст.

Според локалните медиуми, актерката престојувала во болница во францускиот град Тулон, а тажните вести беа потврдени од нејзината добротворна организација за права на животните.

„Фондацијата Брижит Бардо со голема тага ја соопштува смртта на основачот и претседателот на организацијата, мадам Брижит Бардо, светски реномирана актерка и пејачка, која одлучи да ја напушти нејзината престижна кариера за да ги посвети нејзините живот и енергија на доброто на животните и нејзината фондација“.

pochina-akterkata-brizhit-bardo-na-91-godishna-vozrast-04.jpg

Од фондацијата не открија каде или кога починала Брижит.

Во 1950-тите и 1960-тите Брижит Бардо важеше за секс симбол и беше меѓу најпознатите актерки во светот. Но, во 1973-та реши да се пензионира и целосно да се фокусира на активизмот за заштита на животните.

pochina-akterkata-brizhit-bardo-na-91-godishna-vozrast-02.jpg

Последните години од животот ги помина изолирана од јавност, во нејзиниот дом во Сен Тропе.

Се венча четирипати, а со последниот сопруг, Бернард, стапи во брак во 1992-ра.

pochina-akterkata-brizhit-bardo-na-91-godishna-vozrast-06.jpg

Актерката има син, но јавно зборуваше за тоа дека не сака да биде мајка, па скоро целиот живот речиси и да немаше контакт со него.

Засега не е позната причината за смртта.

Прочитајте и: Неколкупати пробала да се самоубие, си го мразела синот: Детали за бурната младост на Брижит Бардо

pochina-akterkata-brizhit-bardo-na-91-godishna-vozrast-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та Во пожарот во Кочани згаснаа премногу млади животи, а загинаа и Андреј и Панчо о...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Хит Леџер, Ејми Вајнхаус: Славни личности кои го загубија животот од предозирање Хит Леџер се предозира со лекови против болка, додека Мерилин Монро изврши самоу...
Брижит Бардо за мрачните периоди од животот: „Се плашам од луѓе, ме спаси чудо кога пробав да се сам... Во нов документарен филм за нејзиниот живот, актерката Брижит Бардо се присетува...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg